Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Клаус: Изборите во Северна Македонија ќе имаат влијание врз некои земји членки на ЕУ
Политика

Клаус: Изборите во Северна Македонија ќе имаат влијание врз некои земји членки на ЕУ

јуни 4, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Германскиот амбасадор при ЕУ утрово повтори дека почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија се меѓу главните приоритети на претстојното германско претседателство, но посочи и дека „некои земји членки“ најавиле дека изборите ќе влијаат врз нивниот став“, јави дописничката на МИА од Брисел.

Амбасадорот Микаел Клаус утрово ја презентираше програмата на германското претседателство кое започнува на први јули и кое веќе неофицијално се нарекува „Претседателство Корона“, јасна најава дека и во следните шест месеци во ЕУ ќе доминира кризата од Ковид-19 и нејзините последици.

Германија ќе продолжи да инсистира на важноста на проширувањето за Европската Унија, во овој контекст отворањето на преговорите со Албанија и Северна Македонија се клучен фактор за политиката на проширување, повтори Клаус.

Но, тој предупреди дека не треба да се очекува одлука на политичко ниво овој месец.

Изборите во Северна Македонија исто така ќе имаат своја улога.

„Треба да ги видиме ставовите на земјите членки, не можам да кажувам имиња, но кога прашувате за изборите во Северна Македонија, дали ќе влијаат или не, слушаме од некои земји членки дека тие ќе влијаат врз нивната одлука, кога потоа ќе биде предмет на преговори во Советот“, изјави Клаус за МИА.

Во однос на роковите, Европската Комисија треба идната недела да ги објави преговарачките рамки за Скопје и Тирана, овој документ потоа ќе биде разгледан на ниво на работната група во Советот (позната како КОВЕБ), потоа ќе премине на масата на амбасадорите на земјите членки, каде се очекуваат најсуштински преговори.

Ова не остава време за министрите на јунскиот Совет за општи работи да донесат одлука.

Притоа, на јунскиот министерски состанок се очекува да доминира коронавирусот и преговорите за седумгодишниот буџет на ЕУ.

Тема која е исто така важна за земјите од западниот Балкан, бидејќи од неа ќе зависи и обемот на економската поддршка што ја планира Европската Комисија.

„Доколку се постигне консензус на амбасадорско ниво, можно е одлука за датум за почеток на преговорите и отворањето на првите поглавја да се донесе ова лето“, велат дипломатски извори во Брисел за МИА.

Германското претседателство, повтори амбасадорот Клаус, не се откажува од формален старт на преговорите до крајот на оваа година, најверојатно наесен.

„Имаме договор за преговорите со Северна Македонија и Албанија, ова ќе биде една од важните теми на германското претседателство и очекувам тоа да се случи наесен“, рече Клаус.

Истата порака вчера ја испрати и министерот за Европа на Германија, Микаел Рот, кој изрази жалење што на одредени „угледни“ земји членки на ЕУ им требаше толку време да постигнат консензус за отворањето на преговорите со Скопје и Тирана, алудирајќи на тензиите помеѓу ЕУ членките минатата есен, кога Франција ја блокираше одлуката.

За да се успокојат Французите, Европската Комисија изготви нова преговарачка методологија, која доби поддршка од сите 27 земји на Унијата.

„Западниот Балкан останува стратешки приоритет за нас, проширувањето е важно и од геополитички причини, гледаме дека странски актери се обидуваат да добијат на влијание во регионот, како Русија, Кина и Турција, и ова треба да го имаме на ум“, рече Клаус.

актуелно избори Клаус северна македонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.