Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Кумановското обвинителство ја отфрли кривичната пријава против градоначалникот и раководителот на ЦУК
Локално

Кумановското обвинителство ја отфрли кривичната пријава против градоначалникот и раководителот на ЦУК

јуни 4, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Јавното обвинителство соопшти дека по сеопфатно проучување на наводите во кривичната пријава поднесена од СВР-Куманово против градоначалникот на Куманово и раководителот на кумановскиот Центар за управување со кризи за сторено кривично дело „Непостапување според здравствените прописи“, донесено е решение за отфрлање на кривичната пријава поради тоа што не се утврдени елементи на сторени кривични дела кои се гонат по службена должност.

Кривичната пријава во обвинителството била поднесена на 24 април 2020 година против две лица, со наводи дека лицата за време на епидемија на опасната заразна болест постапиле спротивно на здравствените прописи, на начин што откако претходно биле тестирани и им било дијагностицирано присуство на вирусот Ковид-19, по што добиле и Решенија за задолжително домашно лекување и изолација, се упатиле на тестирање во Скопје во три приватни лабаратории, иако не смееле да го напуштаат просторот каде биле сместени.

„По разгледување на пријавата и извршената анализа на сите докази приложени кон неа, како и по извршени дејствија за утврдување на факти во предметот, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово констатираше дека пријавените како асимптоматски носители на вирусот и лица кои поради нивната здравствена состојба спаѓаат во група на висикоризичи пациенти, откако ги добиле решенијата за задолжителна самоизолација и домашно лекување побарале дополнително тестирање и второ стручно мислење за сопствената здравствена состојба, што е согласно член 9 став 1 од Законот за заштита на правата на пациентите“, се вели во соопштението.

Притоа, пријавените извршиле консултација со матичните лекари и закажале контролен преглед на Инфективното одделение во Општата болница Куманово за 22 април 2020 година.

Еден од пријавените, приватно ангажирал и платил од сопствена сметка амбулантно возило со кое утрината, истиот ден, двајцата пријавени биле превезени во Скопје и обратно за контролни тестирања во приватни болници и лабараторија.

Превозот во амбулатното „ковид“ возило, велат од ЈО, бил извршен согласно медицинските протоколи, под целосна заштитна опрема на возачот и пациентите.

Нивниот превоз, пријавените уредно го пријавиле телефонски на „192“ во Центарот за известување и командување при СВР Куманово, а согласно решенијата за домашна изолација каде стои дека „доколку лицето во текот на лекувањето и изолацијата во домашни услови има потреба од болничко лекување, претходно треба да се јави на телефонскиот број 192 со цел да му биде овозможено напуштање на домот.“

Откако им биле земени примероци, согласно медицинските протоколи,
пријавените со истото амбулантно возило се вратиле назад во Куманово, каде веднаш во Инфективното одделение во Општата болница им биле земени примероци на крв за анализа, бил извршен преглед и рентгенско снимање.

Резултатите од извршеното тестирање во Скопје биле негативни, исто како и резултатите на извршено дополнително тестирање од страна на екипа од приватна болница која дошла во домовите на пријавените.

Пријавените, без оглед на негативниот резултат од тестирањата, останале во домашна изолација се до истекот на рокот од 14 дена и до добивање на два последователни негативни резултати од овластената лабараторија.

„Имајќи ги предвид сите преземени дејствија на пријавените, начинот на кои ги преземале и особено околностите во кои тие биле преземени, обвинителството утврди дека сосема е неспорно дека пријавените за време на епидемија на заразната болест не постапиле спротивно на ниту еден пропис или наредба со кои се определуваат мерки за нејзино сузбивање или спречување, односно дека во постапувањето на пријавените не се содржани елементи на сторено кривично дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик, ниту пак на кое било друго кривично дело кое се гони по службена должност, поради што обвинителството го донесе решението за отфрлање на кривичната пријава“, се вели во соопштението.

градоначалникот кривична пријава Кумановско обвинителство Раководител цук
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026

УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер

октомври 20, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.