Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата

ноември 13, 2026

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир

ноември 13, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија

ноември 13, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата
  • Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
  • ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија
  • СДСМ: „Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески
  • Почна расправата за Буџетот за 2027 година, во Собранието пристигнаа над 300 амандмани
  • Дефект остава неколку улици без вода – Исклучување во дел од Скопје
  • Расте цената на нафатата
  • УХМР предупредува: Издаден метеоаларм за денеска
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Филипче: Имаме втор бран кој е резултат на непочитувањето на мерките за собири и групирање
Некатегоризирано

Филипче: Имаме втор бран кој е резултат на непочитувањето на мерките за собири и групирање

јуни 5, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Петнаесеттина семејства сочинуваат околу 90 проценти од новите случаи на заболени од КОВИД-19, покажува кластерската анализа на новодијагностицирани пациенти.

Ова, според министерот за здравство Венко Филипче, укажува дека болеста се шири тесно во рамки на овие кластери, но има и нови спорадични случаи што е доказ дека вирусот постои и се шири.

„Несомнено е дека имаме еден втор бран којшто е резултат на непочитувањето на мерките за собири и групирање што го докажа и деталниот увид во деталните епидемиолошки прашалници. Зголемениот број на заболени може да се каже дека е очекуван поради начинот на  тестирање што го применивме овие изминати денови со оглед на тоа што првите случаи од семејствата покажаа дека има одреден број на асиптоматски носители и сакавме детално да видиме колку е тоа силно изразено“, рече Филипче на денешната прес-конференција.

Посочи дека денес има и највисок број на направени тестови за 24 часа и оти на овој начин многу рано се идентификуваат носителите на вирусот во кластерите.

Очекувањата се дека овој бран многу кратко ќе трае, но сепак, како што рече, остануваат максимално внимателни и претпазливи.

„Вирулетноста значително слабее. Анализата во изминатите седум дена покажа дека имаме огромен број на случаи кои што се асимптоматски и со многу лесни симптоми, близу 90 проценти, но ова воопшто не треба да значи дека вирусот не е опасен. Сведоци сме дека и сега има пациенти кои имаат тешка клиничка слика“, нагласи Филипче.

Меѓу заболените има и 11 здравствени работници од ГОБ „8 Септември“
и двајца здравствени работници во Клиниката за гинекологија и акушерство.

Во ГОБ „8 Септмври“ заболени се еден доктор, двајца болничари, седум медицински сестри и уште еден вработен во техничката служба, но работата на болницата не е компромитирана.

„Утрово на координативниот состанок со инфектологот од болницата „8 Септември“ договоривме начин на тестирање на луѓето кои биле во највисок ризик со веќе потврдените случаи и препорака за самоизолација за останатите согласно епидемиолошкиот прашалник“, рече Филипче додавајќи дека сите вработени на работното место со пациентите носеле заштитна опрема.

Во ГАК каде има заразени сестра и техничар траат анализата и анкетите и согласно тоа ќе биде направено тестирањето.

Смета дека одлуката за рестриктивни мерки е оправдана, а Комисијата за заразни болести во овие два дена ќе направи детална анализа по што во недела ќе одржи состанок на кој ќе бидат разгледани следните чекори.

„Вирусот е тука, се шири, а непочитувањето на мерките, ќе значи
продолжување на кризата“, порача Филипче.

Стастистичките податоци за изминатите 24 часа покажаа дека во земјава се евидентирани нови 180 случаи од кои 109 се во Скопје, 26 во Куманово, 15 во Штип, 12 во Тетово, осум во Гостивар, двајца во Гевгелија и по еден случај во Дебар, Струга, Велес, Битола, Охрид, Валандово, Свети Николе и Неготино.

Направени се 1.272 теста.

Починати се двајца пациенти, а оздравени 11 пациенти.

Вкупната бројка на дијагностицирани случаи од почетокот на епидемијата е 2.790.

Оздравени се 1632, починати 149, а бројот на активни случаи изнесува 1009.

Досега се направени вкупно 34.386 тестирања.

актуелно филипче
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата

ноември 13, 2026

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир

ноември 13, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија

ноември 13, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.