Скопје, 7 јуни 2020
Најлесно е неодговорноста да се маскира со лажни вести.
Игор Јанушев е последен пример за тоа од низа такви во неговата партија.
До кога единствена алатка ќе им биде тактиката на пуштање фејк-информации и поделба на народот по секоја цена?
Еве го и одговорот за Игор…
Сите функционери на СДСМ кои имаат добиено решенија за самоизолација ги почитуваат мерките и задолженијата БЕСПРЕКОРНО.
Што не е случај со неговиот шеф Мицкоски кој бесрамно ги крши протоколите и мерките.
Се бориме со пандемија од коронавирус, но и со пандемијата на лажни вести од ВМРО-ДПМНЕ, срамота!
Александар Николовски е друг случај од многуте.
Излажа, па беше демантиран од ООН.
И пак не престанува да шири лажни вести и вели дека наводно 200 вработени во УЈП биле во изолација.
Оваа лага УЈП ја демантираше исто така, бројот на вработени кои се во изолација не надминува 40.
Истото тоа ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во време кога сите се бореа со првите закани од коронавирсуот, лажеа дека направени биле само 100 теста.
Оттогаш досега направени се десетици илјади тестови. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ лажеа дека 140.000 луѓе останале без работа поради коронавирусот.
Институциите излегоа со податоци дека во посочениот термин 8.100 лица останале без работен ангажман.
Зар трката е да се направи лагата што поголема?!
Од 8 одбирате да кажете 140 илјади?!
Потоа Мицкоски и Наќе Чулев лажеа и за случајот со теретаната.
Чулев велеше не биле ракавици туку „отсјај од светлината“ а Мицкоски пак дека имало некакви „боени ракавици“!!!
Лажни вести, деструкција, конструирани случаи, дезинформации и поделба и само поделба!
Тоа е се што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ им го нудат на граѓаните.
Но, како велеше вашиот лидер, “вистината е како шило”…
За среќа, не е јавноста наивна.
Вистината е многу јасно видлива и пред секој од нас.
Љупчо Николовски







