Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Меркел: Пандемијата ја покажа ранливоста на Европа
СВЕТ

Меркел: Пандемијата ја покажа ранливоста на Европа

јуни 18, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска истакна дека пандемијата на коронавирусот ја покажа ранливоста на Европа и најави дека лајтмотивот на германското претседателство со ЕУ, од 1 јули, ќе биде заедничко и солидарно надминување на предизвиците.

Обраќајќи се пред Бундестагот, Меркел истакна дека Берлин презема голема одговорност во време кога ЕУ е соочена со најголемиот предизвик и дека претседателството на ЕУ исто така е голем предизвик, бидејќи Германија мора да се посвети на надминување на кризата и да ја направи Унијата поотпорна.

– Кризата со која се соочуваме е сосем различна од сите досега. Таа влијае на сите нас, неподготвени, не само во Европа, туку и во светот. Само во Европа однесе 100.000 животи, а неколку недели економска стагнација го загрози она што го градевме со децении, порача Меркел.

Таа посочи дека беа неопходни рестрикциите во борбата против коронавирусот и дека сепак ќе биде потребно да се почитува физичката дистанца од 1,5 метар и да се носат маски, бидејќи вирусот нема да исчезне се додека не се најде вакцина.

– Пандемијата покажа колку европскиот проект е кревок. Првите рефлекси беа национални, а не европски. Неопходно е да се соочиме со овој предизвик преку меѓународно дејствување и јас сум среќна што Европската комисија дејствуваше брзо и постојано нè повикува да бидеме обединети, рече Меркел.

Таа нагласи дека пандемијата ги погоди сите, но не со иста јачина, и дека последиците од кризата ги продлабочуваат нееднаквостите на општествата.

– Пандемијата покажа дека нашата Европа е ранлива и затоа е потребна солидарност повеќе од кога било, порача Меркел.

Според неа, ниту една земја не може сама и изолирано да ја надмине актуелната криза, туку тоа може да го направи само заеднички.

Меркел рече дека на силна Европа и е потребна силна Германија, а за да остане таква Владата преземала одлучни мерки.

– Се наоѓаме во време кога економијата се соочува со голем пресврт, бидејќи климатските промени и дигитализацијата во основа го менуваат начинот на работа.

Затоа, одговорот на пандемијата не може да биде враќање на стариот начин на водење бизнис, но мора да го забрза пресвртот бидејќи од тоа зависат работните места, појасни Меркел.

Таа истакна дека и другите во светот не мируваат, туку дејствуваат решително, нагласувајќи ја важноста за јакнење на конкурентноста.

Во својот говор, Меркел повика на брз договор за повеќегодишниот буџет, додавајќи дека не смее да се дозволи пандемијата да создаде раздор меѓу економиите на ЕУ.

Таа истакна дека антидемократските сили едвај чекаат економските кризи да бидат политички злоупотребени.

Во говорот исто така истакна дека борбата против климатските промени ќе биде еден од приоритетите.

Меркел посочи и дека е неопходно ЕУ да биде глобално поактивна, и покрај тешките околности на светската политичка сцена. Таа ја истакна и важноста на соработката со Африка и Кина.

актуелно Европа Меркел пандемија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.