Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Најмногу активни случаи во Скопје, КОВИД центар и болницата Козле
Македонија

Најмногу активни случаи во Скопје, КОВИД центар и болницата Козле

јуни 22, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Бројот на позитивни на коронавирусот во државава се искачи на 5106, а досега починаа 238 лица. Вчера беа регистрирани 101 нов случај на КОВИД-19, од направени 776 тестирања и пет починати. Институтот за јавно здравје вчера регистрираше 22 оздравени пациенти од кои 11 од Скопје, 10 од Тетово и еден од Велес.

Бројот на активни случаи на ниво на држава е 2 942.

Од вчерашните регистрирани нови 101 случај на КОВИД-19 во државата, согласно вчерашните податоци, најголемиот број, 57, се од Скопје, со што вкупната бројка на заразени во главниот град достигна 2 498, а активни се 1 699.

Чаир и натаму останува општина со најмногу заразени. Заклучно со завчера, бројот на позитивни на коронавирусот е 384. Во Гази Баба, Бутел, Аеродром, Центар, Карпош и Сарај, бројката се движи околу 150 заразени. На Инфективната клиника вчера биле примени пет пациенти,  хоспитализирани се 95 пациент, од кои на кислородна поддршка се 45. Во ГОБ „8 Септември“, пак, вчера биле примени девет нови, а вкупно се хоспитализирани 133 пациенти ( седум се на респираторна машина) Во болницата во Битола има 35 пациенти, во болницата во Штип 18 пациенти, а на инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп 81 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Викендот и Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле, покрај за деца, почна да функционира како Ковид-19 центар за прием и на возрасни. Во Институтот располагаат со 70 легла, од кои 15 се наменети за деца. Во него ќе бидат сместени возрасни пациенти со полесна или средна клиничка слика. Институтот засега располага со кислородна линија, но нема респиратор, кој е потребен за потешките случаи. Тимот во „Козле“ се зајакнува со дополнителен персонал од лекари, осум интернисти и двајца професори од Инфективната клиника.

Премиерот Оливер Спасовски вчера повторно упати порака дека со корона кризата ќе се справиме само со висока свесност кај сите и со почитување на мерките за лична заштита од страна на граѓаните и ефикасни реакции на институциите таму каде што ќе има прекршување, бидејки заштитата на јавното здравје е законска обврска.

Министерството за внатрешни работи вчера соопшти за регистрирани нови 805 прекршоци за неносење маски. Во текот на викендот на територијата на државата им се издадени решенија за изолација на 213 лица, а 299 други потпишале изјави за самоизолација.

активни актуелно болница „Козле“ Ковид-19 скопје
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026

СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.