Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Села за МИА: Али Ахмети и ДУИ се сезонски Албанци
Македонија

Села за МИА: Али Ахмети и ДУИ се сезонски Албанци

јули 6, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Али Ахмети и ДУИ се факултативни Албанци, сезонски Албанци. ДУИ преку предлогот Албанец премиер сака да опстои и да ги задржи гласачите што ги имаше, со што загубата на изборите да не им биде голема.

Ова во интервју за МИА го изјави претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села, прашан да ја искоментира изборната стратегија на ДУИ за премиер Албанец.

„Мислам дека не е првпат, ова јас го предвидував и најавував за време на локални и претседателски избори. Тогаш ние поддржавме кандидат Албанец за претседател, a Али Ахмети тогаш се шегуваше со нашиот предлог, иако целта наша беше албанските гласачи да ги држиме во албанските политички партии. Од друга страна, јас уште тогаш имам најавено дека ќе ги гледате овие факултативни Албанци. Али Ахмети и
ДУИ се факултативни Албанци, сезонски Албанци, кога на локални избори не им пречи со Љубе Бошковски или со кој било да одат заедно и да се повикуваат на граѓанството. На претседателските избори, бидејќи знаеја дека длабоко ќе губат на тие избори ако излезат со нивен кандидат, правеа кампања и во првиот круг го поддржаа кандидатот на СДСМ. Уште тогаш најавив дека кога ќе дојдат парламентарните избори тие веднаш ќе станат големи патриоти, што не се. Ниту големи Албанци, не се“, оцени Села за МИА.

Според него, предлогот на ДУИ излегол по анкетите на ИРИ, според кои, како што кажа Села, ДУИ бил зад Алијанса за Албанците.

„Тоа го натера Али Ахмети да излезе со овој предлог, ама и не е првпат. Паметите ли во 2014 кога Али Ахмети излезе со идејата за консензуален претседател, тоа беше единствена можност Албанците да бојкотираат, а
кога си на власт да можеш да го контролираш за да не излезе, за да победи Иванов уште еден мандат. И две недели после тоа беа парламентарните избори. ДУИ тие две недели зборуваше и ветуваше Али Ахмети дека ние веќе кога немаме премиер и претседател што во државата не е консензуален, ние нема да попуштиме со претседателот на Собранието да биде Албанец. Што се случи, одма после изборите пак се гушкаа со Груевски и со ВМРО, и дури и правеа натпревар со ДПА, кој прв ќе го гласа Трајко Вељановски за спикер на Собранието. И на прашање на новинар зошто ги лажеше Албанците, Али Ахмети рече „јас сум разумен политичар“, рече Села.

Тој, вели Села, уште е разумен политичар, ама, како што рече, вака си прави игри пред гласачите и го крева адреналинот кај Албанците за да придобие што повеќе гласови.

„Од друга страна, за жал во неговата намера му помагаат и двете македонски партии, за нив прилагоден партнер би бил ДУИ“, оценува Села за МИА.

Претседателот на Алијанса за Албанците, во интервјуто за МИА, оценува дека не треба да има валкана кампања, во која речиси секојдневно одекнуваат „бомби“ и оти тоа треба да биде предмет на судството, а не на политичките партии.

„Во јавноста имаше многу прислушувани разговори од страна на ДУИ со секакви квалификувања од нивниот лидер, што во однос на она фамозното „Индијанци“ на Гордана Јанкуловска, квалификувањата на Али Ахмети за Албанците беа уште полоши. Без разлика, не се занимаваме со таа тема. Ние сакаме да покажеме дека сме различни, дека треба да дојде промената, не само физички, но и суштински треба да се променат работите во ова општество“, вели Села за МИА.

Со лидерот на Алијансата за Албанците разговаравме и за клучните темели во нивната програма со кои ќе ги привлечат гласачите, за тоа како ќе се борат против корупцијата, за можни предизборни коалицирања…

Целосното интервју со Зијадин Села за МИА заедно со видео материјалот ќе биде објавено утре.

актуелно албанци Али Ахмети дуи села
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.