Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата

ноември 13, 2026

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир

ноември 13, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија

ноември 13, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата
  • Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
  • ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија
  • СДСМ: „Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески
  • Почна расправата за Буџетот за 2027 година, во Собранието пристигнаа над 300 амандмани
  • Дефект остава неколку улици без вода – Исклучување во дел од Скопје
  • Расте цената на нафатата
  • УХМР предупредува: Издаден метеоаларм за денеска
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Мицкоски: Убеден сум во одлучноста на граѓаните да го изберат десниот пат
Македонија

Мицкоски: Убеден сум во одлучноста на граѓаните да го изберат десниот пат

јули 6, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Уште од првиот митинг во Охрид кој го одржавме на 24 јуни, се чувствува онаа победничка енергија како се буди оној пиреј во секој еден наш сограѓанин. Затоа, убеден сум во мудроста на моите сограѓани, во одлучноста на моите пријатели дека на 15 јули ќе го изберат десниот пат,ќе го поддржат ВМРО ДПМНЕ и ќе ја поддржат Коалицијата за Обнова на Македонија“, истакна лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на средбата со граѓаните во струмичко Василево.

Додаде дека кога неговиот политички противник, Зоран Заеем ќе дојде тука ќе се изнаслушаат многу лаги и невистини, а ќе ја каже и најновата лага дека просечната плата нема да е 30 илјади денари, туку најновата лага е 34 илјади денари.

„Можеа да го подобрат стандардот на граѓаните, само требаше повеќе да работат, наместо да крадат. Можеа навистина да ги донесат и „Гугл“ и „Фејсбук“ и сите оние инвестиции кои практично ги најавува заедно со оној автомобилски гигант, но за жал и тие што ги наследија од претходната влада не успееја да ги задржат, туку домаќини на тие инвестиции се нашите соседни држави, а ние останавме без дополнителни инвестиции, без дополнителни пари за граѓаните, без дополнителни работни места“, рече Мицкоски кој го обвини СДСМ дека во оваа кампања го користи нивното лого од локалните избори во 2009 година.

Тој зборуваше и за неправдите кои ги донела владеачката партија, како што рече, со обезличувањето на државата, со откажувањето од историјата, со откажувањето од идентитетот, од културата, од народните обичаи.

Претставувајќи ја програмата со која неговата партија настапува на претстојните избори, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека таа е подготвена многу внимателно со сите структури на партијата и експерти, но и граѓаните.

„Таму ќе најдете повеќе од илјади проекти, повеќе од илјада политики. Таму ќе најдете поголема просечна плата, како да дојдеме до неа за 25 проценти од тоа што е денес. Таму ќе најдете како до 4 милијарди евра инвестиции и домашни и странски, таму ќенајдете како да дојдеме до најнизок данок во Европа од 8 проценти и нула данок за секој оној што ќе вработи лице до 29 години.Таму ќе најдете намален данок на додадена вредност за угостителите и хотелиерите, оние кои што се најпогодени од вирусот ковид-19, од 18 на 10 проценти заклучно со 2021 година, таму ќе најдете како да дојдеме до бесплатна партиципација на државните универзитети за студентите за учебната 2020/2021 година и најмалку еден универзитет во првите илјада во светот, Македонија да биде извозник на знаење, а не да биде извозник на високо образован кадар“, потенцира Мицкоски.

Пред присутните се обрати и носителот на листата на Коалицијата за обнова во изборната единица број 4, Александар Николоски, кој ја промовираше програмата и најмногу се задржа на мерките за земјоделците.

„Директен удар на „зелената мафија“ преку отворање на можност за формирање на мали средни преторијатија за откуп. На пример 5-6 семејства произведувате , а во некое од вашите семејства има некое дете кое завршило економски факултет или има талент за бизнис, зошто да не се здружите и да не формирате откупно претпријатие и да ги откупувате вашите производи и производите на вашите соседи. Тоа да се случи ќе обезбедиме фонд од вкупно 200 милиони евра бескаматни кредити“, вети Николски пред граѓаните на Василево.

На средбата се претстави и кандидатот за пратеник од оваа општина, Дајанчо Ефтимов.

актуелно мицкоски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата

ноември 13, 2026

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир

ноември 13, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија

ноември 13, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.