Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна

октомври 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент
  • Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа
  • Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна
  • Горивата од полноќ со нови цени
  • Времето променливо и облачно со локален дожд
  • Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија
  • Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје
  • Питер Маџар „веднаш“ им честиташе на лидерите на Студентскиот список
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Маратонскиот ЕУ-самит за економски спас урива рекорди во времетраење
СВЕТ

Маратонскиот ЕУ-самит за економски спас урива рекорди во времетраење

јули 20, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Лидерите на 27-те земји на ЕУ собрани во Брисел од петокот попладне сѐ уште не успеале да се договорат за стратегијата за економски спас од корона-кризата, некои лидери заминаа дома накусо, но се враќаат денеска за нова рунда преговори, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Најдолгиот ЕУ-самит во историјата е тој од Ница во 2000-та, кога лидерите тогаш требаше да се договорат за измени на основачките повелби на Унијата во рамките на големото проширување кон истокот.

Пред дваесет години им требаа четири дена и четири ноќи на шефовите на држави и влади за да постигнат компромис, рекорд кој би можел да биде урнат овојпат.

Дваесет и седумте лидери од петокот се обидуваат да се договорат за износот и обликот на финансиската помош што им следува на земјите членки за справување со последиците од здравствената криза, а истовремено течат роковите за компромис околу седумгодишниот буџет на Унијата, од кој впрочем зависи и помошта.

ЕУ е поделена на три табора во овие преговори, главниот е помеѓу штедливите земји предводени од Холандија, во кој спаѓаат Австрија, Шведска и Данска, со срамежливо учество на финската влада, од другата страна се јужните земји, најпогодени од здравствената криза, и кои имаат поддршка од Германија и Франција.

Третиот табор, помал, предводен од Унгарија, го сочинуваат неколку источни земји кои одбиваат новиот инструмент за спас од кризата да биде условен со владеењето на правото.

Во име на оваа група вчера се изјасни унгарскиот премиер Виктор Орбан, пред почетокот на неделната рунда преговори, нарекувајќи го холандскиот премиер „оној холандскиот дечко“ и споредувајќи ги алатките на ЕУ за надзор врз владеењето на правото со советската комунистичка опресија.

Според набљудувачите, Орбан опортунистички ја користи поделбата помеѓу штедливите и останатите земји да ги придобие главно јужните земји како Италија и Шпанија, кои се посебно лути на холандскиот премиер Марк Руте.

Но, суштината на преговорите се фокусира на износот и обликот на
помошта.

Начелниот предлог на Европската комисија, поддржан од Германија, Франција и Европската централна банка се 750 милијарди евра поделени на грантови и заеми.

Тука, паралелно се одвиваат и преговорите за парите кои земјите членки ги добиваат назад од заедничкиот буџет, познати како ‘rebate’ во бриселскиот жаргон.

Франција и Германија сметаат дека најголемиот дел од парите од Фондот за спас од 750 милијарди треба да бидат субвенциите, штедливите земји, пак, бараат точно половина субвенции, половина заеми, повикувајќи се на„недоволно совесно буџетско управување“ во јужните земји. Анализа која, според многумина, вклучително и буџетски ортодоксната Германија, не може да се примени во овој случај.

Во текот на преговорите му било предложено на Руте да се обезбедат гаранции за реформите во земјите кои ќе добиваат помош, предлог кој ги плаши јужните земји, изгорени и изморени од години силен надзор врз нивните домашни финансии и реформи во текот на големата финансиска криза од 2008.

Ситуацијата значајно се влошила во текот на вчерашниот ден кога францускиот претседател Емануел Макрон се заканил дека ќе го напушти самитот доколку нема волја за компромис од страна на штедливите.

Преговарачка тактика или искрен гнев, останува неизвесно, но резултатот е дека лидерите, сепак, останаа во Брисел и ги продолжија преговорите цела ноќ, до рано изутринава.

Портпаролот на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој е одговорен да го изгради компромисот помеѓу сите земји и институции на ЕУ, на Твитер, во шест часот изутринава, соопшти дека нова пленарна сесија е закажана за четири часот попладнево, знак дека линиите на комуникација остануваат отворени, иако во исклучиво тензична атмосфера.

Во меѓувреме, луксембуршкиот и хрватскиот премиер беа приморани да се вратат дома на неколку часа поради национални политички обврски, но се уверува дека тие ќе се вратат во текот на денот за да присуствуваат на овој можен последен чин од преговорите.

актуелно ЕУ-самит
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија

октомври 26, 2026

Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје

октомври 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.