Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна

октомври 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент
  • Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа
  • Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна
  • Горивата од полноќ со нови цени
  • Времето променливо и облачно со локален дожд
  • Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија
  • Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје
  • Питер Маџар „веднаш“ им честиташе на лидерите на Студентскиот список
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ЕСЕ: Најмалку 100 илјади граѓани немаат пристап до една или повеќе основни здравствени услуги
Македонија

ЕСЕ: Најмалку 100 илјади граѓани немаат пристап до една или повеќе основни здравствени услуги

јули 21, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Здравствените индикатори покажуваат дека најмалку 100 илјади граѓани немаат пристап до една или повеќе основни здравствени услуги, а пак најмалку 40 илјади граѓани се соочуваат со значителни финансиски потешкотии заради лични трошоци кои ги прават при добивање на здравствена заштита, информираат од Здружението ЕСЕ кое денеска одржа онлајн прес-конференција на тема „Како макроекономските политики влијаат врз пристапот до здравствена заштита за жените, мајките и децата“, со посебен фокус на реализацијата на превентивните програми на Министерството за здравство.

Од Здружението истакнуваат дека средствата кои Министерството за здравство ги одвојува за Програмата за скрининг на ракот на грлото на матката предвидува опфат на само околу 30 отсто од жените од целната возрасна група (од 24 до 60 години). Дополнително на тоа, потенцираат, Министерството за здравство во 2019 година го намали буџетот на оваа програма за 2,8 милиони денари.

-Воедно, поради недостиг на матични гинеколози, само 60 отсто од жените имаат избрано матичен гинеколог. Сето тоа води кон тоа само 28 отсто од жените да бидат опфатени со оваа програма за период од шест години (2012 – 2018 година). Се бележи несоодветност во планирањето и реализацијата на буџетот на Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата. Податоците од теренот покажуваат дека само 13 отсто од родителите на малолетни деца во изминатите три години добиле
здравствено едукативен материјал за детско здравје, вакцинација, иако овој вид едукативен материјал е предвиден и реализиран според Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата, наведуваат од Здружението.

Според Здружението, во моментот работата на патронажната служба не е уредена со ниту една програма и покрај тоа што таа служба е од особена важност за здрава бременост и соодветно следење на здравјето на мајките и доенчињата. – Само 41 отсто од жените Ромки (од Шуто Оризари, Делчево и Виница) биле посетени од патронажна сестра за време на последната бременост во изминатите три години.

Додека во ромските населби во Шуто Оризари 20 отсто од новороденчињата не биле посетени од патронажна сестра. За особено ранливата категорија на деца, односно деца кои се неосигурани и се надвор од образовниот систем, потрошени се само седум отсто од средствата наменети за нивни систематски прегледи во 2018 година, додаваат од Здружението.

граѓани здравство индикатори пристап
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија

октомври 26, 2026

За првпат од 1990 година, СПС нема да има претставник во Собранието на Србија

октомври 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.