Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата

ноември 13, 2026

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир

ноември 13, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија

ноември 13, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата
  • Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
  • ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија
  • СДСМ: „Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески
  • Почна расправата за Буџетот за 2027 година, во Собранието пристигнаа над 300 амандмани
  • Дефект остава неколку улици без вода – Исклучување во дел од Скопје
  • Расте цената на нафатата
  • УХМР предупредува: Издаден метеоаларм за денеска
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Одбележувањето на двата историски Илиндена без масовни собири и со здравствени протоколи
Во Фокусот

Одбележувањето на двата историски Илиндена без масовни собири и со здравствени протоколи

јули 31, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Денот на Републиката 2 Август, на кој се празнуваат двата историски Илиндена, 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ, оваа година поради епидемијата ќе бидат одбележани без масовни собири и културно-уметнички програми и со здравствени протоколи за заштита од КОВИД-19, утврдени од Комисијата за заразни болести и усвоени од Владата.

Според агендата, претседателот на државата Стево Пендаровски ќе се
обрати на свеченоста во Меморијалниот центар во Пелинце, претседателот на Собранието Талат Џафери на Мечкин Kамен во Крушево и претседателот на Владата Оливер Спасовски на свеченоста во Скопје.

Како дел од официјалната програма и годинава се вклучени содржините од Смилево со кои ќе се чествуваат 117 години од Илинденското востание и 78 години од првата борбена акција на Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“.

На сите локации настаните ќе бидат организирани според здравствените протоколи кои Владата ги усвои минатата недела-просторот каде што ќе се одржуваат ќе биде заграден и со столчиња поставени на два метра растојание за да ја има потребната дистанца меѓу посетителите.

Нивниот број ќе биде ограничен најмногу до 50 проценти од капацитетот на оградениот простор.

Ќе има јасни насоки за влез, движење и излез на посетителите, а редарска служба ќе го контролира спроведувањето на мерките и ќе спречува неовластено влегување во просторот.

Сите учесници и посетители на настаните, гости, членови на тимовите задолжени за организација, како и гардистите, задолжително треба да носат заштитни маски.

Дозери за дезинфекција на рацете треба да има при влез и излез и на неколку места во оградениот простор, како и едукативно-информативен материјал за почитување на општите превентивни мерки кој ќе биде поставен на видни места.

Во зависност од бројот на учесници на настанот, протоколите предвидуваат и мобилни хемиски тоалети, како и медицински екипи со санитетско возило.

Забрането ќе биде служење и поставување штандови со храна и пијалаци, а служење вода ќе биде дозволено само ако е оригинално спакувана.

Делегациите ќе положуваат венци и свежо цвеќе на спомен-обележјата
според протоколи за растојание–просторно од два метра и временско од две минути.

Во културно-уметничкиот дел на програмата за одбележување на настанот оваа година нема да учествуваат хорови, играорни групи, дувачки оркестри.

Државната химна се препорачува да ја отпее едно лице без учество на придружни вокали.

За превоз на учесниците до местото на настанот важат протоколите за превоз на патници изготвени од Комисијата за заразни болести и усвоени од Владата–максимум три лица во патничко возило односно 50 проценти од капацитетот на автобус/минибус.

По завршување на настанот се препорачува организирано напуштање на локацијата и се забранува групирање на повеќе лица во угостителски или во други објекти.

Прославата во Крушево ќе почне утревечер на Гумење, традиционално со отворање на Научно-културните средби „10 дена Крушевска Република“ и со подигнување на бајракот на Републиката, а треба да пристигнат и коњаниците.

Крушевскиот градоначалник Томе Христовски, кој е и претседател на манифестацијата, рече дека иако за Илинден годинава ќе нема големи
собири и културни настани за да се избегнат групирањата, прославувањето, рече, ќе биде поскромно, но достоинствено.

„Ќе им се оддаде почит и ќе се положат свежи цвеќиња за Илинденците и хероите, на месноста Слива, во Македониумот каде што е гробот на претседателот на Крушевската Република, Никола Карев, на Мечкин Камен каде што ќе биде централната прослава. Заедно со Крушево, годинава домаќин на прославата е републичкото Собрание и се очекува обраќање на претседателот на Собранието, Талат Џафери. Ќе има гости–владини претставници, од политичките партии, од дипломатскиот кор, но сè ќе биде според протоколите“, рече Христовски.

Целата програма на одбележувањето на празникот од Пелинце, Крушево и од Скопје од 10 часот ќе се пренесува во живо на Македонската радио-телевизија.

Почетокот на Илинденското востание го објавиле камбаните во Крушево на полноќ спроти Илинден 1903 година.

Околу 800 востаници го ослободиле градот, а по два дена Никола Карев ја прогласил Крушевската република и станал нејзин претседател…

Слободната Република траела десет дена.

Под команда на Бахтијар-паша, 18-илјадна османлиска војска тргнала во
акција за враќање на власта во Крушево.

Последните истрели на
Мечкин Камен и загинувањето на војводата Питу Гули, го означиле и
крајот на Крушевската република.

Четириесет и една година по Илинденското востание, во манастирот Св. Прохор Пчињски кај Куманово 115 делегати го одржале Првото заседание на АСНОМ (Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија), на кое е потврдена општественоправната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија.

Заседанието го отворил Панко Брашнаров, најстариот делегат и сведок на двата Илиндена.

Избран бил Президиум на АСНОМ, под претседателство на Методија Андонов-Ченто.

Заседанието усвоило неколку документи со државотворно значење, меѓу кои и Решението за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава и Декларацијата за основните права на човекот и граѓанинот на демократска Македонија.

актуелно Илинден
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата

ноември 13, 2026

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир

ноември 13, 2026

Почна расправата за Буџетот за 2027 година, во Собранието пристигнаа над 300 амандмани

ноември 13, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.