Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Мерки за санирање на последиците од невремето во Велес во кое исчезна едно лице и е приченета голема материјална штета
Градови

Мерки за санирање на последиците од невремето во Велес во кое исчезна едно лице и е приченета голема материјална штета

август 9, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Општинскиот штаб за заштита и спасување во Велес денеска на вонредна седница донесе повеќе заклучоци за санирање на последиците  од невремето во кое исчезна едно лице – жител на велешко Белештевица по кого се уште се трага. Во невремето, кое е најголемо по поплавата од 1974 година, нанесена е и голема материјална штета.

Според пријвата во СВР – Велес, во велешкото село Белештевица во местото „Лавчани“ 51-годишниот Спасе Димовски во обид со својот трактор да помогне на екипа на ЕВН која била со возило, бил однесен од надојдената вода. Општинскиот кризен штаб заклучил по создавање на неопходни услови да се ангажираат потребните материјално технички и човечки ресурси од локално и државно ниво, како и специјалисти за спасување за брзо наоѓање на телото на исчезнатиот сограѓанин.

Заклучено е по добиените проценки за настанатите штети, градоначалникот на Општина Велес да додели финансиска помош на погодените од поплавите во висина до 50.000 денари, како и за семејството на несреќно настраданиот во село Белештевица. Воедно Општина Велес да стапи во контакт со ЕВН, со цел ЕВН како општествено одговорна компанија да помогне во пронаоѓањето на исчезнатиот граѓанин кој настрадал во акција за давање помош на екипата на ЕВН, како и со обезбедување помош за семејството на исчезнатото лице.

-Општина Велес од сопствени буџетски средства, но и со помош од државните институции да помогне во санирање на штетите од временските неприлики;Преку Јавен повик, а со помош на месните и урбаните заедници да се известат сите жители и претпријатија кои претрпеле штета од невремето да пријават, со цел Комисијата за проценка на штети наврмено да излезе на терен и да ја процени пријавената штета;Се задолжува градоначалникот на Општина Велес и вработените во во Одделението за комунални дејности да обезбедат механизација и човечки ресурси за санирање на штетите. Доколку има потреба од дополнителна помош во човечки ресурси, Општина Велес ќе побара помош од Армијата и Казнено поправниот дом од Велес, стои во заклучоците.

Воедно се задолжува ЈКП Дервен да ги исчисти шахтите од канализациската мрежа, како и улиците од наносите од чакал, песок, земја и друго на градските улици. За санирање на оштетената фекална канализациона линија во Превалец, за поправка на оштетените коловози и банкини на локалните патишта и на улиците, како и за чистење на наносите од чакал, песок, земја и друго на локалните патишта и на улиците во населените места Општина Велес ќе ги ангажира економските оператори кои се избрани на тендер за таков вид на градежни зафати.

Се задолжува Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Велес, заедно со Одделението за комунални дејности веднаш да направи проценка и да изврши проверка на сите мостови за отстранување на насукани гранки, трупци и стебла од дрвја, а  ЈКП Дервен да врши редовна проверка на исправноста на водата за пиење со цел да се обезбеди чиста и здрава вода за пиење.

Заклучено е и да се изврши проценка на штетите на Фудбалскиот стадион во Превалец, на теренот и објектот и  да се санираат пред почеток на натпреварите во Трета фудбалска лига. Се задолжува Одделението за комунални дејности, заедно со одговорните од Министерството за животна средина и просторно планирање да изврши увид и проценка на просторот по течението на реката Тополка и да се утврдат критичните точки од кои реката се излева, за да се изгради насип за да се спречат идни можни поплави;

Заклучено е и да се известат ЈП за државни патишта и ЈП “Македонија пат” за оштетувањата на мостот во Превалец кој е на регионалниот пат за благовремено да се направи проценка на штетите и за да се преземат мерки за санација на оштетените делови, како и да се утврди потребата од постоење на мостовската конструкција за инсталации за отпочнување постапка за рушење за да се спречат идни опасности;

Во случај на потреба, Општинската Организација на Црвен крст од Велес треба да помогне на настраданите од поплавите со обезбедување прехранбени и други производи. Доколку расположивите средства не бидат доволни, се задолжува градоначалникот да покрене постапка за обезбедување дополнителни финансиски средства со измени на програмите и со измени и дополнувања на Буџетот на Општина Велес.

актуелно велес невреме
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.