Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев-Гир: Треба да се реформираат сите области, особено владеењето на правото
Политика

Заев-Гир: Треба да се реформираат сите области, особено владеењето на правото

септември 23, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Потребно е да реформираат сите области, особено владеењето на правото кое што е еден од клучните ластери во преговорите според новата методологија за проширување на ЕУ–да биде отворено прво и да биде затворено последно. Тоа значи дека земјата ќе мора да одржи постојани напори во сферата на владеењето на правото до крајот на самите преговори.

Ова денеска го порача новиот евроамбасадор во Северна Македонија Дејвид Гир, на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев.

„Мандатот на новата Влада, како и мојот мандат како шеф на Европската делегација во Северна Македонија започнува во време во кое што сите едвај чекаме да започне формалниот почеток на преговарањето на земјата со ЕУ на владината конференција. Да потсетам дека земјата во оваа фаза на процесот на интеграција во ЕУ веќе постигна многу кога станува збор за реформите, но исто така и во смисла на решавање на
билатералните спорови со соседите кога признаваме дека Северна Македонија е пример за целиот регион“, подвлече Гир.

Евроамбасадорот нагласи оти потребно е да се продолжат реформите и во одржување на демократијата и одбраната на човековите права, заштитата на животната средина и одржлива и динамична економија.

Тие, рече Гир, се суштински елементи за опипливи позитивни промени во животот на граѓаните и напредокот во овие сфери ќе значи дека ЕУ ќе дојде во Северна Македонија која што е суштината на процесот на пристапување.

Ја потенцира важноста и на добрите добрососедски односи која што, како што рече, е исто така е дел од процесот на проширување, како што е и процесот за стабилизација и асоцијација и важно е договорите за добрососедските односи и Преспанскиот договорот да се продолжат добронамерно од сите.

„Во крајна линија процесот на пристапување кон ЕУ е врвна цел која што ги ангажира сите политички сили и општеството зад нив. Токму затоа сакаме Владата и сите политички сили и сите делови од општеството да се вклучат во овој процес. Од моја страна ве уверувам претседателе дека Европската делегација и посветениот персонал ќе стои на ваша страна, постојано ќе ви помага со ресурси и експертиза се во името на
заедничката цел да ја видиме Северна Македонија да стане дел од ЕУ“, истакна новиот евроамбасадор.

Изрази уверување дека ЕУ ќе продолжи да обезбедува поддршка и помош за земјава во справувањето со кризата со Ковид-19.

Премиерот Заев, од своја страна, изрази очекување дека дискусијата за преговарачката рамка во Брисел ќе има успешна завршница на Советот на општи прашања, односно на ГАК на 10 ноември по што, како што истакна, ќе биде реално да очекуваме одржување на првата Меѓувладина конференција во декември.

„Нашата намера е да ја активираме брзата трака на преговорите по поглавје со целосно и безусловно исполнување на нашата ЕУ-агенда. Што се однесува до нашата страна нема да дозволиме причини за нови одлагања. За нас е прифатлив новиот принцип за реверзибилност на процесот доколку се случи деградација на демократскиот амбиент во нашата земја, но нагласувам, нашата свечена обврска останува и ќе биде да не дозволиме тоа во име на иднината на државата и граѓаните да се случи“, подвлече премиерот.

За премиерот влеваат оптимизам сигналите од европските партнери дека билатералните прашања не треба да бидат камен на сопнување во фазата на завршните преговори.

„Со Република Бугарија сме сојузници во НАТО, имаме заедничка обврска и должност да ги подобруваме добрососедските односи, меѓусебната соработка и да градиме пријателство. Духот на добрата волја и пријателството коишто произлегуваат од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка не обврзува да се фокусираме на зајакнување на односите меѓу двете земји и да ги почитуваме правото на
самоопределување и самоидентификација како темелни европски вредности“, рече Заев.

Премиерот се заблагодари за помошта што Северна Македонија ја доби и ја добива од нашите партнери во ЕУ во борбата со Ковид-19.

„Ние сме на пат од кој нема враќање. Потрошивме премногу време на конфликти наместо на решавање на истите. Придобивките од нашата работа ги чувствуваат сегашните и ќе продолжат да ги живеат следните генерации со секој чекор, со секое отворено поглавје, со секој решен проблем работиме да го подобриме квалитетот на животот на сите граѓани“, заклучи Заев на заедничката прес-конференција со новиот
евроамбасадор Гир.

актуелно владеење на право Гир Заев
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.