Повеќе од 200 лица се повредени и пренесени в болница, од кои седуммина се наоѓаат во многу тешка состојба, по вчерашните насилни протести во киргистанскиот главен град Бишкек.
– Вкупно 218 луѓе со различни повреди се хоспитализирани. Седум од нив се наоѓаат во многу тешка здравствена состојба. Една од жртвите почина, станува збор за момче родено во 2001 година, се наведува во соопштението на Министерството за здравство на Киргистан.
За време на немирите во Бишкек 768 лица побарале медицинска помош, а 550 од нив се испратени на болничко лекување.







