Автор: Filip P

Сите уживаме во неговиот мирис и боја, а го користиме за лимонада, коктели и слатки. Богат со витамин Ц, лимонот е најдобар сојузник во борбата против настинката и верен чувар на здравјето. Познато е дека ова кисело овошје благотворно делува на кардиоваскуларниот систем, а помага и во борбата против кожните инфекции предизвикани од разни бактерии. Но, и тоа не е се. Дали знаете дека лимонот може да го елиминира непријатниот мирис во домот? Исечете го на четири кришки, посолете ги сите делови и оставете ги да стојат во кујната. Со овој едноставен трик ќе ги неутрализирате лошите мириси и ќе…

Read More

Британскиот тенисер Енди Мареј ја забележа втората победа на завршниот АТП турнир во Лондон. Тој беше подобар од Кеи Никишори од Јапонија. Мареј победи после голема борба и пресврт, со 2:1 во сетови (6:7, 6:4, 6:4), за три часа и 23 минути игра, што е најдолг меч во историјата на завршните турнири. „Се борев до крај. Кеи ме тераше многу да трчам, да се борам за секое топче. Лесните поени на својот сервис многу ми помогнаа. За вакви моменти работите цел живот, ова беше нешто неверојатно“, рече Мареј после мечот. Мареј сега има две победи, без пораз, а во последното…

Read More

Повратникот во Евролигата, Галатасарај ги прекрши правилата за финансиски фер-плеј и поради тоа е строго казнет – забрането му е да регистрира нови играчи. Надлежната комисија на Евролигата утврдила дека клубот од Истанбул има неподмирени долгови кон некои играчи и тие не се во моментов израмнети. Најсилното кошаркарско натпреварување во Европа, според Дисциплинскиот правилник, ќе ја изрече конечната одлука за овој случај во следните 30 дена, а до тогаш ќе важи времената мерка за забрана за регистрирање на нови играчи за Евролигата.

Read More

Акциите во Европа и во САД денеска паднаа, додека доларскиот индекс скокна на 13-годишниот максимум во однос на кошницата на водечките светски валути. Лондонскиот индекс на акции FTSE 100 во попладневните часови ослабе за 0,8 отсто, на 6.740,94 поени, франкфуртскиот DAX 30 падна за 1,1 отсто, на 10.620,75 поени, а парискиот КАК 40 за 1,1 отсто, на 4.486,38 поени, пренесува Франс прес. Доларскиот индекс, кој ја мери вредноста на зелената банкнота спроти кошницата од шест главни девизи, порасна во еден момент на 13-годишниот максимум од 100,530 поени, пренесува британскиот „Фајнешенел тајмс“. Акциите во САД го почнаа тргувањето во минус, па…

Read More

Русија ја шокираше спектакуларното ноќно апсење на министерот за стопанство Алексеј Уљукаев. Тоа апсење, според одделни аналитичари, е многу повеќе од наводната борба против корупцијата. „Пред законот сите се еднакви, а тој којшто е корумпиран мора да биде санкциониран. Тој добил два милиони долари во готово, а возврат одобрил превземање на нафтениот концерн „Башњефт“ од страна на големиот концерн „Росњефт“, наведува руското обвинителство. „Обвинувањата се големи. Во членот 6, став 290, од рускиот Кривичен закон се наведува: „Корупција во многу големи размери“. За тоа мора да постојат сериозни докази, а истрагата тие докази мора да ги достави до Судот“, рекол…

Read More

Бугарскиот парламент ја прифати денес оставката на премиерот Бојко Борисов, чија кандидатка загуби на неодамна одржаните претседателски избори. Вкупно 218 пратеници гласаа „за“ додека двајца беа воздржани. Претседателот во заминување, Росен Плевнелиев, од утре ги почнува консултациите за состав на новата влада која треба да ја сочинуваат експерти кои ќе организираат предвремени парламентарни избори. На претседателските избори во Бугарија победи кандидатот поддржан од социјалистите, Румен Радев, со 59,35 отсто од гласовите, додека кандидатот на премиерот и неговата конзервативна партија ГЕРБ, Цецка Цачева, освои 36,17 отсто од гласовите. Борисов е на власт од 2009 година, а повторно беше избран кон крајот…

Read More

Аукциската куќа Сотби денес го понуди на продажба дијамантот „Сино небо“ поставен во Картие прстен, за кој се очекува дека ќе донесе до 25 милиони долари, плус две парчиња дијамантски накит кој потекнува од рускиот царски дворец. Од Сотби наведуваат дека дијамантот од 8,01 карати, кој ја доби најдобрата оценка од Американскиот институт за накит, е главен предмет на денешната аукција во Женева. На аукцијата, исто така, ќе биде изложена и дијамантски ѓердан која, како што се наведува, ја нарачала руската царица од 18 век Катарина Велика и дијамантскиот сет за кој се верува дека бил подарок на сопругата на…

Read More

ЕУ интеграциите се покажаа како поттик за неверојатна ефикасност во одржувањето на напредокот кој беше постигнат во Западен Балкан во изминатите две децении. Ова го заклучи Роберто Батели, потпретседателот на Парламентарното Собрание на ОБСЕ за Југоисточна Европа на денешната 15-та Парламентарна сесија на организацијата што се одржува во Скопје. Батели рече и дека овој регион заслужува да биде охрабрен од меѓународната заедница и од ЕУ затоа што ЕУ-перспективите се уште живи. „Ако се оценува напредокот на земјава не смее да се заборави дека Македонија помина низ многу кризи како глобалниот економски пад, радикализацијата на младите, прашањето за странските терористички борци…

Read More