Повеќе од десет лица се повредени во неколку последователни експлозии во магацин за минуција во воена база на североистокот на Сирија.
Нема информации за тоа дали освен повредените има загинати, пренесува АФП.
Најмалку пет експлозии се случија во текот на претпладнево, во воената база која ја користат курдските и меѓународните сили за борба против Исламска држава.
Никој од официјалните лица засега не кажа што ги предизвикало експлозиите, а не е ни познато дали некој од меѓународните сили бил во базата во времето кога тие се случиле.
Во меѓународните сили во таа база има и американски војници, односно се претпоставува дека во специјалните сили во Сирија има околу 300 американски војници.