Eкс обвинител обвинет за застарување на 14 предмети

LinkSense.mk

Обвинителството поднесе обвинение за поранешниот јавен обвинител од Охрид, Воислав Димоски, кој беше кандидат за уставен судија предложен од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, но не доби поддршка од останатите пратеници. Тој се товари за застарување на 14 предмети.

 

 

„Ќе ги разобличам нарачателите на прогонот против мене. Сите до еден. Роден сум за сериозни битки ….“

                                             Воислав Димовски

 

Димовски, во врска со случајов, пред малку се огласи преку социјалните мрежи.

„Со оглед дека последните речиси две години, заканите кои ги добивав од различни центри на моќ се однесуваа на мојот физички интегритет, морам да признам дека ми е задоволство што Јовески решил со мене да се пресмета на ваков начин. Без оглед каква е состојбата во правосудството, судницата сепак е мој терен, а околноста дека некој во сопствената интелектуална и стручна немоќ зел да ја злоупотребува позицијата за пресметка со неистомисленици, најмалку зборува за мене. И покрај непријатностите и околноста што е надвор од етиката и од законот лиферувањето на вакви информации, ми претставува задоволство што самата дебата се преместува на терен на јавноста. Очекувајте целосно да ве информирам за текот на нарачаниот и политички мотивиран прогон кон мене и притоа со задоволство да ги разобличам нарачателите на истиот. Дедо ми велеше дека чавките секојпат напаѓаат во јато, така и овој пат. Арно ама, ние сме родени за посериозни битки, а не за бркање чавки. Слобода или смрт!“, напиша обвинетиот Димовски на својот профил на Фејсбук.