Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

„Си-Ен-Ен“, „Ем-Ес НАУ“ и „Политико“ ја проширија тужбата поради ограничувањето на пристапот до Белата куќа

октомври 29, 2026

ГС на ОН повика на прекин на повеќедецениското американско економско ембарго кон Куба

октомври 29, 2026

ВИДЕО: „Алкалоид“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

октомври 28, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • „Си-Ен-Ен“, „Ем-Ес НАУ“ и „Политико“ ја проширија тужбата поради ограничувањето на пристапот до Белата куќа
  • ГС на ОН повика на прекин на повеќедецениското американско економско ембарго кон Куба
  • ВИДЕО: „Алкалоид“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026
  • Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди и ветер над 60 километри на час
  • Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Основното јавно обвинителствов
  • Француската влада најави реформи во образованието по пет недели протестив
  • Резултатите меѓу Нетанјаху и Ајзенкот изедначенипо изборите во Израел
  • Франција ангажира 70.000 полицајци за викендот, Макрон ги оцени претстојните протести како високоризични
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Австралија е во строг карантин
Во Фокусот

Австралија е во строг карантин

август 23, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Австралија мора да почне да учи да живее со ковид-19 откако ќе се вакцинираат повеќе луѓе“, рече премиерот Скот Морисон, покрај загриженоста во некои држави од порастот на бројот на нови случаи на заразени во Сиднеј.

Додека повеќе од половина од сите Австралијанци се во локдаун за да се запре ширењето на високо заразната делта варијанта на вирусот корона, Морисон истакна дека земјата мора да оди понатаму и дека мора да почне да ги намалува ограничувањата за да се вакцинираат што повеќе луѓе.

„Затварањето не може да трае вечно. Ова не е одржлив начин на живот во оваа земја“, рече тој на конференцијата за печат во Канбера, која ја пренесуваше телевизијата.

Изјавата на Морисон доаѓа после појавата на разлики меѓу државите кои сакаат да го задржат фокусот на сузбивање на вирусот и најголемата држава Нов Јужен Велс, која бара излез од затварањето по пат на вакцинирање после големата епидемија од делта видот.

Сојузната влада минатиот месец објави план во четири фази за ублажување на ограничувањата откако ќе се вакцинираат 70 отсто од 25 милиони луѓе постари од 16 години.

Кога ќе се вакцинираат 80 отсто од луѓето ќе бидат потребни само одделни затварања, а вакцинираните Австралијанци ќе можат слободно да патуваат меѓу државите.

Западна Австралија и Квинсленд, двете држави во кои нема многу заразени со корона вирус, велат дека можат да задржат некои од ограничувањата, дури и откако целите на вакцинирањето ќе бидат постигнати.

Денес Нов Јужен Велс пријави 818 случаи, од кои повеќето се во Сиднеј, што е нешто помалку од рекордните 830 од еден ден пред тоа.

Премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Берејклиан, ги повика граѓаните помалку да се фокусираат на случаите, а повеќе на имунизацијата.

„Кога би имале 80 отсто со двојна доза, секоја држава ќе мора да живее со ковид. Не можете засекогаш да го држите делта видот надвор“, рече таа.

Во Викторија денеска се откриени 71 нови случаи, за што премиерот Даниел Ендрјуз рече дека може да ги поремети плановите за излез од локдаунот на 2 септември.

Иако Австралија подобро управуваше со пандемијата од многу други развиени земји, бавното воведување на вакцините го тргна сјајот од нејзиниот претходен успех.

Ширум земјата во потполност се вакцинирани 30 проценти од луѓето постари од 16 години, додека 52 отсто примиле барем една доза.

Вакцинирањето се одвива со рекордна брзина, а целта од 80 проценти за потполно вакцинирани, како што моментно стојат работите, ќе биде постигната дури во декември.

Австралија пријави вкупно нешто повеќе од 44.600 случаи. Евидентирани се 984 смртни случаи. Статистички, стапката на смртност е намалена од минатата година.

 

 

(Фото: ЕПА)

Австралија актуелно викторија вирус карантин ковид корона локдаун Нов Јужен Велс Сиднеј
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

„Си-Ен-Ен“, „Ем-Ес НАУ“ и „Политико“ ја проширија тужбата поради ограничувањето на пристапот до Белата куќа

октомври 29, 2026

ГС на ОН повика на прекин на повеќедецениското американско економско ембарго кон Куба

октомври 29, 2026

ВИДЕО: „Алкалоид“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

октомври 28, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.