Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Австриски политичар поднесе оставка поради контроверзна песна
Во Фокусот

Австриски политичар поднесе оставка поради контроверзна песна

април 23, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Австрискиот политичар Кристијан Шлихер од „Слободарската партија на Австрија“ поднесе оставка на функцијата заменик градоначалник на Браунау на Ина откако неговата антимигрантска песна предизвика жестоки реакции во земјата.

Тоа го потврди и вицеканцеларот Хајнц-Кристијан Штрахе, партиски колега на Шлихер, кој рече дека тој ќе ја напушти и партијата ФПО.

Во песната Шлихер ги споредува мигрантите со стаорци и предупредува на опасноста од мешање култури. Во поемата се вели „како што ние живееме овде долу, другите стаорци кои доаѓаат како гости или мигранти, вклучувајќи ги и оние кои не ги знаеме, мора да го споделуваат нашиот начин на живот! Или веднаш да си одат оттука!“.

На поемата објавена во локалниот весник на Слободарската партија на Австрија регираше и канцеларот Себастијан Курц, кој е во коалиција со ФПО од 2017 година, побара огранокот на таа партија да се огради од текстот.

„Изборот на зборови е одвратен, нехуман и длабоко расистички, истакна Курц.

Шлихер изјави дека замислата му била поемата да биде провокативна, но не му била намерата да навреди кого и да е. Со цел да не нанесе понатамошна штета на партијата, тој поднесе оставка на функцијата заменик – градоначалник на Браунау на Ина, инаку родното место на Адолф Хитлер.

австрија контраверзна песна Оставка политичар
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Локалните власти во Истанбул поради вчерашните обилни дождови наредија затварање на училиштата

октомври 15, 2026

Силното невреме што ја зафати Грција, поплави улици, објекти, домови

октомври 15, 2026

СДСМ бара оставка од Тошковски по случајот со Михаилова

октомври 14, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.