Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Адеми: Нема амбиција со онлајн-учење да се замени традиционалниот начин бидејќи тоа е недостижно
Македонија

Адеми: Нема амбиција со онлајн-учење да се замени традиционалниот начин бидејќи тоа е недостижно

август 12, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Моделите што веќе ги подготви Министерството за образование ќе бидат разгледани уште еднаш на состанок на Комисијата за заразни болести, изјави министерот Арбер Адеми кој, како што  објави ТВ Алсат М смета дека новата учебна година треба да почне со физичко присуство, во зависност од епидемиолошката состојба во земјава.

Во изјава за телевизијата Адеми истакна дека станува збор за тешки одлуки и дека со Комисијата за заразни болести МОН е во постојан контакт во последниве денови, најавувајќи одлука во текот на денов.

– Немаше и нема амбиција со онлајн-учење да се замени традиционалниот начин на спроведување на образовниот процес, бидејќи такво нешто е недостижно, рече Адеми за Алсат М.

Министерот Венко Филипче вчера изјави дека став на Комисијата за заразни болести е учебната 2020/2021 да почне онлајн, освен за учениците од првите одделенија затоа што е неизвесно со што ќе се соочиме наесен со заразата од КОВИД-19 и дека, како што рече, ќе биде многу ризично да дозволиме децата да се вратат без никакво ограничување во затворена просторија.

Тој став на Комисијата Филипче го презентирал и на вчерашната седница на Владата  на која било дискутирано за почетокот на учебната година, но не беше донесена одлука за конечниот модел како ќе се одвива наставата. Прес-слуѓбата соопшти дека на седницата била разгледана и усвоена Информацијата со План за одржување на наставата во училиштата во учебната 2020/2021 година на Министерството за образование и наука и  заклучено таа да биде споделена со Комисијата за заразни болести.

– Потоа, врз основа на мислењето на Комисијата ќе биде донесена одлука за моделот за организирање и спроведување на наставниот процес во основните и средните училишта, соопшти владината прес-служба.

Од Комисијата за заразни болести утрово за МИА потврдија дека имаат состанок, но дека за одлуката ќе соопшти Владата односно двете министерства. Покрај за училиштата, како што вчера беше најавено, на состанокот на Комисијата денеска треба да се разгледува и прашањето за отворање на градинките.

адеми актуелно амбиција настава онлајн
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.