Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Адеми: Свидетелствата се бесплатни, тие што ги наплаќаат да се пријават во ДПИ
Во Фокусот

Адеми: Свидетелствата се бесплатни, тие што ги наплаќаат да се пријават во ДПИ

јуни 18, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Учениците и граѓаните треба да пријават во Државниот просветен иснпекторат (ДПИ) доколку училиштата бараат од нив да платат за свидетелствата за завршена учебна година“, рече министерот Арбер Адеми одговарајќи на новинарско прашање во врска со вакви случаи за кои има и претставка до Народниот правобранител.

„Остро го осудувам секое вакво дело кое ги задолжува учениците да плаќаат за нешто за што воопшто немаат обврска. Свидетелствата ние бесплатно ги обезбедуваме и ги охрабрувам сите граѓани и ученици да пријават до ДПИ, а Инспекторатот нив да ги санкционира за кршење на законите“, рече Адеми.

Во врска со постапката за избор на ректор на Скопскиот универзитет, рече дека не ги знае сите детали од процесот и дека е тој внатрешен за секој универзитет, а дека МОН ги креира образовните политики.

„Универзитетите имаат целосна автоноимија и автономно ја спроведуваат постапката. Очекувам дека сè се одвива како што треба и за тоа сме заинтересирани како надлежна институција за образование. Во новиот Закон за високо образование се демократизира целиот процес за избор на тела и за мандати“, рече министерот.

Во однос на реакцијата на кандидатот за ректор проф. д-р Петар Атанасов, кој беше елиминиран од конкурсот, Адеми одговори дека МОН не е надлежен за оперативни активности и дека до ДПИ се поднесуваат претставки за какво било прашање поврзано со образованието.

За реакцијата на приватните високообразовни установи за дискриминација на нивните студенти за кои не важат ваучерите што ги доделува Владата, Адеми одговори дека се согласува дека сите студенти треба да имаат исти услови, но дека такви се можностите.

Уредбите се на Владата, рече Адеми, а и порано имало случаи кога некои мерки важеле за една категорија студенти, а за други не.

„За жал, мерката е таква каква што е. Јас би сакал да се вклучат сите студенти во земјата, без разлика на која високообразовна институција тие студираат – јавни или приватни или јавно-приватни, како што е, на пример, Универзитетот на Југоисточна Европа, кој со право го покрена ова прашање. Но треба да ги имаме предвид и финансиските можности за да можеме да обезбедиме средства за сите студенти, независно каде студираат“, рече ресорниот министер.

Адеми кажа и дека за време на летото ќе се подготвуваат за новата 2020/2021 учебна година и за какво било сценарио, иако очекува дека од 1 септември наставата ќе биде во нормални услови и учениците ќе се вратат во училишните клупи.

Ќе има обуки на наставници и ќе се подобрува инфраструктурата за поуспешна онлајн-настава ако условите го наложат тоа.

Формирана е и широка работна група со меѓунаропдни претставници и, како што рече, на маса се различни предлози, а кои од нив ќе бидат активирани ќе зависи од околностите.

адеми актуелно ДПИ свидетелства
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.