Најбогатите луѓе во Велика Британија се подготвени веднаш да ја напуштат земјата, ако случајно Џереми Корбин стане премиер, стравувајќи од можни промени во даночната политика и контролата на капиталот, пренесува Гардијан.
Адвокатите и сметководителите на најбогатите британски семејства велат дека биле „преплавени“ со повици од милијардерите и милионерите кои барале помош и совети за избор на земја каде што би се преселиле, се наведува во текстот.
Истовремено, го преместуваат капиталот во странство и со децата прават договори за подароци, за го одбегнат ветувањето на лабуристите дека ќе го оданочуваат наследството чија вредност преминува 125.000 фунти.
Економските советници велат дека потенцијалната влада на Корбин претставува поголема опасност за богатството и животниот стандард на еден процент најбогати, од Брегзит.
Џефри Тод, партнер во адвокатската компанија „Будл Хетфилд“ истакнува дека многу негови клиенти веќе подготвиле план за префрлање на богатството од државата во рок од само неколку минути, ако Корбин биде избран за премиер.
„Многу богати луѓе се загрижени заради тоа што ќе мораат да платат многу поголем данок на богатство и веќе се подготвени за можноста Корбин да добие мандат да состави влада. Трансферите на парите веќе се смислени. Во многу случаи недостасува само потпис на документот“, наведе Тод.







