Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики
  • На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените
  • Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон
  • Трамп нема да присуствува на планираните предизборни митинзи за викендот во Ајова и Канзас, го искара новинарот кога го прашаа за неговото здравје
  • Неколку земји од ЕУ ќе ослободат 43 милиони барели нафта од своите резерви во наредните месеци
  • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
  • СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
  • ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Анадолија: Три различни сценарија за идната коалициска влада во Северна Македонија
Македонија

Анадолија: Три различни сценарија за идната коалициска влада во Северна Македонија

јули 24, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Како што вообичаено е случај во СевернавМакедонија, преговорите за формирање на идната владина коалиција пов парламентарните избори одржани на 15 јули, најверојатно ќе бидат долгив и сложени, оценува турската агенција Анадолија во својот осврт на изборите во земјава.

Според агенцијата, математички се можни три сценарија, кои би имале различни импликации врз иднината на земјата.

– Првото и најверојатно сценарио е победниците во македонскиот и албанскиот камп, односно СДСМ и ДУИ, да се здружат и да формираат коалиција. Изводливоста на оваа опција, сепак, ќе зависи од подготвеноста на Беса да коалицира со ДУИ, имајќи предвид дека од секој аспект Беса е опозит на ДУИ, но и од спремноста на ДУИ да отстапи од ветувањето за прв албански премиер, оценува Анадолија.

Според авторот на текстот, учеството на ДУИ во ваквата влада „ќе ги намали шансите за каква било значајна реформа во воспоставување на владеење на правото и во борбата против неконтролираната корупција и заробената држава.

– Второто сценарио е коалицијата СДСМ-Беса да се здружи со коалицијата на Алијансата за Албанците и Алтернатива, со екстремно левичарската Левица и со ДПА.

Иако, попожелна поради здружувањето на двете прозападни реформски коалиции, надминувањето на разликите при ваквата опција ќе биде потешко отколку кај првото сценарио, наведува агенцијата.

Според Анадолија, сепак малку е веројатно дека ДУИ ќе прифати да биде изоставена од владејачката коалиција имајќи предвид дека е „победник во албанскиот камп“, а исто така ќе биде тешко да се убеди екстремистичката Левица да учествува во една прозападна реформска коалициска влада.

– Третата, последна и најмалку веројатно опција е ВМРО-ДПМНЕ да формира коалиција со ДУИ, Левица и ДПА, се наведува во текстот.

Авторот на анализата смета дека ова е најлошото сценарио поради неговите импликации врз евроатлантската иднина на земјата, имајќи предвид дека „во текот на нивните претходни осум години непрекинато владеење од 2008 до 2016, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ западнаа во неконтролирана корупција и доведоа до заробеност на државата“.

– Евроатлантскиот пат на земјата беше успорен од прорускиот став на ВМРО-ДПМНЕ и партискиот антички популистички проект, што својот врв го достигна со екстравагантниот проект за урбана обнова „Скопје 2014“.

Поради овие причини, веројатно ќе има силен меѓународен притисок да не дојде до оваа опција, се оценува во анализата на Анадолија.

Агенцијата смета дека ако СДСМ-Беса и ДУИ не успеат да се договорат за формирање на нова влада, најверојатно ќе следат предвремени парламентарни избори.

– Сепак, дури и ако биде формирана коалициска влада СДСМ-Беса-ДУИ, шансите за значајни реформи се слаби, имајќи го предвид учеството на ДУИ во неа и тесното мнозинство на коалицијата во Собранието, се заклучува во анализата.

актуелно анадолија коалициска влада северна македонија сценарија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.