Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ангеловска-Бежовска: Ова е криза во која првичниот одговор е олабавување на монетарната политика
Економија

Ангеловска-Бежовска: Ова е криза во која првичниот одговор е олабавување на монетарната политика

ноември 2, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Oва е прва криза во која првичниот одговор на нашата централна банка е олабавување, а не заострување на монетарната политика, истакнала гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежовска на панел дискусијата на е-конференцијата „Ковид-19: Влијанието врз економијата и политиките на централните
банки“, организирана од Лондонската школа за економски и политички науки и на Банката на Албанија.

„За време на глобалната финансиска криза, понискиот прилив на капитал во македонската економијата и тогашната зголемена склоност на економските агенти кон еврото наметнаа зголемување на основната каматна стапка за да се стабилизираат очекувањата, но тоа доведе до пораст на каматните стапки на кредитите и забавување на кредитната поддршка. Овојпат е поинаку, зашто ковид-кризата ја дочекавме со
високо и соодветно ниво на девизни резерви, посилни фундаменти на економијата и отсуство на нерамнотежи, што се гледа преку солидната надворешна позиција на економијата и умерената инфлација“, посочила Ангеловска-Бежовска.

Во своето излагање, како што соопшти денеска Централната банка, Ангеловска-Бежовска се фокусирала на политиките на централните банки од регионот во текот на актуелната криза, осврнувајќи се и на ефектите постигнати досега, како и на предизвиците за монетарната политика за натамошниот среднорочен период.

„Со оглед на сериозноста на шокот предизвикан од пандемијата, со научените лекции од глобалната финансиска криза и со достапноста на веќе подготвениот неконвенционален пакет алатки, овојпат во регионот монетарната реакција беше побрза и посилна, а и подобро усогласена со фискалната политика“, оценила гувернерката.

Коментирајќи ги ефектите од преземените монетарни мерки, нагласила дека тие придонеле да не се зголемат трошоците за финансирање, односно каматните стапки се намалуваат, а задржана е и солидната кредитна поддршка.

Кредитниот раст продолжил да расте стабилно во речиси сите земји од регионот со просечна стапка од околу 6,2 проценти, а во државава изнесува 7,3 проценти.

На панел-дискусијата било истакнато дека актуелната состојба создава неизвесност, особено заради времетраењето на здравствената криза, а било разговарано и за повеќе сегменти на кои носителите на политиките во регионот ќе треба да им посветат посебно внимание во следниот период.

Нагласена била и потребата од натамошно зајакнување на економските основи и на отпорноста на економиите од идни шокови, особено преку продолжување со структурните реформи.

Во рамки на е-конференцијата, гувернерката разменила мислења со колеги од другите централни банки за актуелни прашања поврзани со економските предизвици од ковид-кризата, како и за значењето и важноста на пристапот до девизна ликвидност во евра што на Народната банка ѝ беше овозможен од страна на Европската централна
банка.

актуелно ангеловска бежовска криза монетарна политика
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.