Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Кошта од денеска во посета на Западен Балкан за да се сретне со регионалните лидери и да биде копретседавач на самитот ЕУ – Западен Балкан

јуни 1, 2026

Силна експлозија во фабрика за огномети во Матаб на Малта

јуни 1, 2026

Времето денеска многу топло, попладне можен дожд и грмежи

јуни 1, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Кошта од денеска во посета на Западен Балкан за да се сретне со регионалните лидери и да биде копретседавач на самитот ЕУ – Западен Балкан
  • Силна експлозија во фабрика за огномети во Матаб на Малта
  • Времето денеска многу топло, попладне можен дожд и грмежи
  • Трамп по новите напади: Седнете и опуштете се, Иран сака да постигне договор
  • Владината реконструкција – една од темите на првата седница на Централното собрание на Влен
  • Трамп: Не ми е гајле за среднорочните конгресни избори
  • Десет жртви во пожар во ученички интернат во Кенија
  • Америка повторно го нападна Иран, Техеран возврати со напад на американската база
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Анкета: Заев со највисок рејтинг за иден претседател, СДСМ со предност пред ВМРО-ДПМНЕ
Македонија

Анкета: Заев со највисок рејтинг за иден претседател, СДСМ со предност пред ВМРО-ДПМНЕ

декември 20, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Најголемиот дел од анкетираните граѓани го гледаат премиерот Зоран Заев на претседателската функција, покажува најновото истражување на јавното мислење, спроведено од МЦМС. Заев исто така се јавува со највисок рејтинг и како евентуален консензуален кандидат. За него би се определиле најголемиот број од Македонците и Албанците.

На прашањето доколку утре се одржат претседателски избори за кој кандидат би го дале својот глас, 12,4 отсто од испитаниците се определиле за Заев, а 8,2 отсто за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и за министерот за надворешни работи Никола Димитров. За Стево Пендаровски би гласале 6,8 отсто од испитаниците, пет отсто својот глас би го дале за Бујар Османи, додека за Имер Селмани, кој веќе еднаш се проба во претседателска трка се одлучиле 5,8 отсто од анкетираните.

По нив следат Теута Арифи со 3,4 отсто, Тања Каракамишева со 2,7 отсто, Гордана Силјановска и Трајко Славески со по 2,4 отсто. Толку има и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска 2,4 отсто, Оливер Спасовски и Мирјана Лазарова Трајковска добија доверба од 1,4 отсто од анкетираните.

Сепак, мнозинството од анкетираните, односно 19 отсто идниот шеф на државата не го гледаат во ниту еден кандидат, додека 14,9 отсто се уште не одлучиле.

Како евентуален консензуален кандидат, што е став на ДУИ, најголема поддршка и кај Македонците и кај Албанците има премиерот Заев. За него би гласале 10,2 отсто од Македонците и 11,2 отсто од Албанците. Втор би бил Никола Димитров, а трет е Стево Пендаровски.

Втор значаен елемент кој е констатиран во истражувањето е дека кандидатите кои не се поврзуваат со СДСМ и се или независни или се сметаат за потенцијални кандидати на ВМРО-ДПМНЕ,воопшто не можат да сметаат на гласовите на етничките Албанци.

Трета карактеристика и покрај таа подготвеност кај Албанците од речиси 20 отсто да дадат глас за кандидат Македонец на оваа листа, ако партиите на Албанците излезат со свој кандидат, мнозинството гласови остануваат во тој кампус, при што прв е Бујар Османи со 22,7 отсто, Имер Селмани со 20,8 отсто и Теута Арифи 12,3  отсто.

Во однос на партиската лојалност меѓу членството на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, освен видливата подвоеност, односно секој за својот е констатиран и поголем процент на неодлучност кај поддржувачите на ВМРО–ДПМНЕ. Кај СДСМ, по Заев, втор со 19,7 отсто е Стево Пендаровски, трет е Никола Димитров со 13,6 отсто. Кај ВМРО-ДПМНЕ убедливо највисок рејтинг има Мицкоски.

Ако се земе предвид варијантата на претседателски заедно со парламентарни избори предност има СДСМ со 26,9 отсто поддршка или 5,3 процентни поени повеќе од ВМРО-ДПМНЕ со поддршка од 21,6 отсто. Поддршката за ДУИ би била 7,4 отсто, Алијансата 3,1 отсто, БЕСА 2,5 отсто. Не одговориле 18,4 отсто и нема да гласаат 17,3 отсто.

Како најважна вредност која ја ценат испитаниците е чесноста со 25 осто, потоа се одговорноста со 17,3 отсто, толеранцијата, решителноста, храброста, подготвеноста за политички дијалог, патриотизам.

За тоа дали би гласале за кандидат на друга етничка заедница, мнозинството, односно 53,6 отсто не би гласале, а 41,2 отсто би гласале за кандидат од друга заедница.

Мнозинството Македонци, односно 62,1 отсто не би гласале за кандидат од друга етничка заедница, наспроти мнозинство Албанци, односно 56,9 отсто кои би гласале.

Анкетата е спроведена од 7 до 14 декември на репрезентативен примерок од 1.014 испитаници.

актуелно анкета Заев Претседател
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Кошта од денеска во посета на Западен Балкан за да се сретне со регионалните лидери и да биде копретседавач на самитот ЕУ – Западен Балкан

јуни 1, 2026

Силна експлозија во фабрика за огномети во Матаб на Малта

јуни 1, 2026

Времето денеска многу топло, попладне можен дожд и грмежи

јуни 1, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.