Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ах, Вилма, ах …
Томислав Колумни

Ах, Вилма, ах …

јуни 19, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во Македонија има се повеќе неправда, а се помалку правда. Многу работи покажуваат дека таа, како цел за обичнот човек, е недостижна, или во најдобар случај помалку достижна. Препреките се многубројни и разноврсни и до неа тешко се стасува.

Многу луѓе ќе научат низ детството, од бајките и другите приказни, дека љубовта и правдата се најсилните космички сили и дека секогаш „на крајот победува правдата“. Додека тоа важи за светот на бајките, во овој стварниот постојат многу неправди. Големи колку планини.

Една од тие и таквите најчести препреки е онаа која се однесува на нееднаквоста меѓу луѓето. Разликите меѓу „угледните членови на општеството“ и оние другите се се поголеми и поизразени.

А, апсурдот да е поголем, таа, со неправда стекнатата состојба, на „угледните“ им станува средство за одржување во власта и за спроведување на нивни „политички диктат“.

Меѓутоа, дали ќе го прифатиме тој „диктат“ и таа неправда не зависи толку од власта и владетелите колку што тоа зависи е од нас самите.

Се е до нас. Ако не реагираме и случувањата околу нас рамнодушно ги гледаме како тоа да не се однесува на нас, тогаш неправдата ќе најде уште помоќно засолниште.

Не треба да молчиме пред неправдата и да не ги браниме неправедните, оние кои не водат грижа за ништо друго освен за парите и оние кои не ја поддржуваат нееднаквоста меѓу луѓето.

Во минатото се знаеше како поминува неправдата. Постоеја закони кои се почитуваа, а прекршителите сносеа санкции. Денес е се наопаку, се е пореметено. Системот на вредности е завртен наопаку, на глава.

Животот од најрани денови не соочува со неправда. Уште од мали, со првите чекори, додека сеуште не сме ни свесни за себе. Прво во забавиште другарчето ќе ни ја оттргне играчката, па во училиштето ќе добиеме пониска оценка од оние кои многу помалку учеа. Потоа кога ќе пораснеме неправдата ни станува судбина, наш верен сопатник. Секаде ја има, во маркетите каде дрзок муштерија ќе не заобиколи и прв ќе стигне до касата, при соочување со дрски и безобразни поединци со сомнителна деловна етика, службеници во јавни институции, кога шефот место нас ќе унапреди помалку способен колега, кога пријателот ќе не предаде…

И на крај ќе не сочека дома, кога размислуваме за својот живот, прашувајќи се што погрешно сме направиле кога игравме по правилата, а познајникот кој не е ниту подобар, ниту поработлив, ниту пак попаметен подоро помина. Или кога по којзае кој пат ќе видиме дека добрите луѓе умираат, а злобниците и злотворите „пукаат“ од здравје, дека сиромашите ги губат куќите во пожари и од извршители, а на богатите не им фали ниту влакно од глава. И, така, постепено сфаќаме дека, освен смртта, единствената константа во животот е – неправдата.

Кој е денес успешен човек? Дали е оној којшто е образуван, чесен и правичен и којшто со својата работа едвај може да го прехрани семејството или оној којшто стекнал слава и богатство на грбот на други? Дали се успешни оние млади луѓе кои ги следеле упатствата на своите родители и наставници, вредно учеле и работеле на себе за еден ден да станат „некои“ или тоа се други кои без школо и чесна работа и со литературни достигнувања до „Јаготки“, „Зоки Поки“ и „Дружината братско стебло“ станаа „нешто“, вреднувано по некои нови мерила?

Полуголи пејачки, необразувани бизнисмени и помалку образувани политичари господарат по телевизиските екрани.

Тоа е сликата која воопшто не ми се допаѓа во државава од каде, на моменти, ми доаѓа да фатам „џенем“ како многу други што направија. Сакам, пусто, држава скроена од среќа, надеж и здравје во која мерката за успех ќе биде величината на умот, чесноста и чистотата на душата, а не славата и големото материјално богатство. Ако некој треба да биде славен, тогаш нека биде оној којшто допринел за земјава, за луѓето во неа…

Светот во кој живеам е далеку од совршен и за тоа се виновни оние кои со своите себични потези го уништуваат она што е вистински добро.

Во училиштето и дома ме учеа што се вистински животни вредности и по кој пат треба да одам во својата светла иднина. Ми зборуваа дека образованието е важно и дека ќе ми биде отскочна даска кон подобар и поубав живот. Можеби некаде е навистина така, во некој подобар и праведен свет. Тука каде што сме, реалноста е потполно поинаква.

„Овој жалосен свет облечениот го облекува, а голиот го слекува“, забележал Калдерон, и како да се однесува за нас.

Неодамна прочитав еден мудрец рекол дека животот ти е онаков какви што ти се мислите. Затоа, иако се чувствувам огорчен и разочаран, се трудам да мислам позитивно.

Јас за правда ќе се борам секогаш, дури и кога самиот ќе осетам дека се е залудно, или кога некој до мене ќе ми каже: „Откажи се, не можеш против тоа.“ Секогаш си велам себе си, вреди да се обидам, полесно ми е кога знам дека сум го направил тоа што е до мене, отколку само да се предадам и да прифатам ешто што знам дека не е така и што сметам дека е неоправдано.

А, гледам луѓе околу себе и во нивните очи сјае „нова пролет“. Не сум сам.

Ако сакаме подобар свет мораме да се бориме со сета сила, да веруваме во себе и не смееме да ја загубиме надежта во ниту еден момент. Да ги прифатиме фактите и сета своја енергија да ја насочиме кон решавање на проблемот, најлесно е да плачеме и да правиме драма и така да привлекуваме внимание. Да ги инспирираме луѓето околу себе да и се спротивставиме на неправдата. Можеме и тоа како. Го нема, непостои тој фактор заради кој би требало да живееме несреќно и под неправда. Оправдување нема.

Тука треба и мора да се ценат вистинските вредности и наместо болка, омраза и зло да владеат добротата, љубовта и почитувањето.

Правдата ни се наметнува како нужност. Чинејќи неправда државата оди кон пропаст. Воспоставувањето на правдата се истакнува како една од примарните цели. Таа ни дава упатства за праведно општество, исправно човечко однесување… Еднаквоста меѓу луѓето е основа на правдата.

Овој народ е жеден за правда, за вистинска правда, не за правда по нечии уверувања и убедувања. Овој народ е жеден за вистински суд. Непристрасен. Еднаков за сите.

Овој народ не е за веќе видени филмови. Вакви работи Вилма, од типот „Рекет“, а не е „Рекет“, туку е „Поткуп“, ни се преку глава. Доста ни е од се. Доста ни е, се изнагледавме, жими мајка. Не ни кажувај Вилма за „Ангелите“, као Господ те молам… Немој да се „истураш“ на едни, а на други – не. Немој на едни да им го загорчуваш животот, а на други да им прогледуваш низ прсти.

Ослободувањето на суетата и негативната енергија преку „еднострано малтретирање“ не е решение. Мисли широко, искористи ја својата позиција и обиди се да го запреш текот на негативната енергија. Биди отпорна на „угледните“ кои ја предизвикуваат неправдата. Реалистично согледај ја состојбата, процени дали можеш да направиш за да се поправи нешто од кое ни се смеат од Арктик до Антартик и од двете Америки до Австралија, и ако во твоето опкружување треба нешто да се промени, а треба сигурен сум, превземи веќе решителен чекор и прај обвиненија.

Остави ги егото, суетата и предрасудите на страна… Не ни кажувај гачки обвинителке дека имаш уште „нешто малку за Катица“. Лесно е да удираш во „мртов Германец“. Кажи ни, леба ти, за торбите и за парите… Го најдовте ли Антонијо за да му ја дадете поканата? Има ли нешто готово за Саше, Орце, Миле, Бетка, Гоца, Ивица, Стефче…а!?

Сакаме и мораме да знаеме. Капираш!?

живот неправда поткуп правда рекет систем
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Кузеска: Граѓаните не живеат од бајки – тие ја живеат реалноста секој ден

април 20, 2026

ЦНА: Франција во Кипар испраќа фрегата, противракетни и анти-дрон системи

март 3, 2026

Трамп одлучи: Ќе ги објави сите тајни досиеја за вонземски живот и НЛО

февруари 20, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.