Решението треба да биде прифатено од целата меѓународна заедница и од оние земји што билатерално го користат името Македонија, вели поранешната шефица на грчката дипломатија Дора Бакојани, во интервју за телевизија Скај.
Во однос на тоа какво би требало да биде решението, таа го повторува ставот на Нова демократија дека не смее во никој случај да има решение во етапи, туку договорот да биде пакет.







