Нормандската четворка (Германија, Русија, Украина и Франција) ќе одржат состанок за состојбата во Украина, а на дневен ред ќе се најде и инцидентот во Керчкиот теснец.
„По игра на случајот, состанокот којшто е планиран веќе подолго време, Нормандската четворка ќе го одржи денес во Берлин за да разговара за Украина и за мировната Спогодба од Минск“, рече портпаролот на германското Министерство за надворешни работи.
Тој додаде дека високи претставници ќе ја искористат приликата да најдат заедничко решение за обновените тензии во односите меѓу Киев и Москва.







