„Сега е време Северна Македонија да= покаже заложба за придржување кон владеењето на правото“, порачува американската амбасадорка Кејт Бернс во статус на Твитер, споделувајќи ја вчерашната објава на еврокомесарот Јоханес Хан за случајот „Рекет“ и борбата против корупцијата.
„Како што рековме претходно, ова се сериозни обвиненија за кои е потребен сериозен одговор, кој ќе биде темелен, транспарентен и навремен. Сега е време Северна Македонија да покаже заложба за придржување кон владеењето на правото“, напиша Бернс на Твитер.







