Беса ја поздрави одлуката на НАТО за покана за почеток на преговори за членство на Македонија во Алијансата.
„Како опозициска партија ќе се ангажираме во помагање на патот и исполнување на сите услови од кои зависи процесот за членување. Повеќе од важно е овој процес да биде што поопфатен и поддржан од значително мнозинство граѓани во земјата“, се наведува во соопштението од партијата.
Беса, патем, го повикува премиерот да има, како што велат, што поинклузивен пристап и да го интензивира дијалогот со опозициските партии.







