Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ

октомври 29, 2026

СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”

октомври 29, 2026

ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан

октомври 29, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
  • СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
  • ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан
  • „Си-Ен-Ен“, „Ем-Ес НАУ“ и „Политико“ ја проширија тужбата поради ограничувањето на пристапот до Белата куќа
  • ГС на ОН повика на прекин на повеќедецениското американско економско ембарго кон Куба
  • ВИДЕО: „Алкалоид“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026
  • Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди и ветер над 60 километри на час
  • Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Основното јавно обвинителствов
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Бејли: Компромисите во Преспанскиот договор не се лесни, но ова е историска можност
Македонија

Бејли: Компромисите во Преспанскиот договор не се лесни, но ова е историска можност

јануари 8, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

По годината на храбро лидерство следат тешки стратешки одлуки кои Договорот од Преспа ги бара од демокартски избраните лидери за да го одредат најдобриот курс за земјата. САД ја поддржуваат Македонија и она што граѓаните и лидерите ќе решат дека е од најдобар интерес за земјата. Ние знаеме дека компромисите во Договорот од Преспа не се лесни, но ова навистина е историска можност за Македонија и за регионот, што ќе доведе до посигурна, побезбедна и попросперитетна иднина, изјави американскиот амбасадор во Скопје  Џес Бејли во новогодишното интервју за Гласот на Америка на македонски јазик.

Запрашан што ја мотивира поддршката на САД за целосна имплементација на Договорот од Преспа и членството на Македонија во НАТО, Бејли вели дека Соединетите Држави се пријател и партнер на Македонија уште од нејзиното осамостојување пред повеќе од 25 години, а интеграцијата во евро-атлантските институции е суверен избор на земјата.

-Ние сме горди што го поддржуваме тој избор, и подготвени сме да помагаме додека Македонија го менува курсот на својата иднина. Силно ја поддржуваме целосната имплементација на Договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција. Договорот ќе и овозможи на Македонија да го заземе заслуженото место во НАТО и во ЕУ и ќе придонесе за регионалната стабилност, безбедност и просперитет. Освен тоа, заменикот државен секретар, Џон Саливан, беше во Македонија пред неколку недели и сите нè потсети дека светот драматично се промени во изминатите 20 години. Натпреварот и конфликтот меѓу големите сили се вратија на главна сцена, со лоши актери кои сакаат да го нарушат и дестабилизираат демократскиот систем. За да ги поразиме, потребни ни се силни држави, со цврсти демократски основи, слободни медиуми и раздвижени и отворени пазари. Искрено веруваме дека Македонија, целосно интегрирана во НАТО и во ЕУ, ќе биде силен сојузник во нашиот заеднички просперитет и нашата заедничка безбедност, рече Бејли.

Прашан дали има план Б во случај гласањето во Парламент да пропадне, било во Македонија или во Грција, американскиот дипломат вели дека не гледа остварлива алтернатива на повидок и е оптимист дека лидерите и во Македонија и во Грција нема да ја изгубат можноста за конечно решавање на тридеценискиот спор за името.

-За време на целиот процес на преговори, а и сега, при имплементација на Договорот од Преспа, лидерите од целиот политички спектар се спремни да ги стават настрана краткорочните партиски интереси за да ја поддржат иднината на Македонија во НАТО и во ЕУ. Лидерите во Грција и во Македонија кажуваат дека овој Договор е од нивен суштински национален интерес, тој ќе доведе до безбедност и просперитет, како во двете земји, така и во регионот. Да се дојде до ова решение беа потребни 25 години и јас не гледам некоја остварлива алтернатива на повидок. Сигурен сум дека и понатаму ќе гледаме како храбрите лидери работат за да осигураат дека Македонија и Грција нема да ја изгубат можноста за конечно да се реши ова прашање, истакнува американскиот амбасадор.

За амнестијата за многумина кои беа инволвирани во нападот на Собранието на 27 април, Белји оценува дека тоа била важна политичка одлука чија вредност ќе се потврди според тоа дали ќе се изгради национален консензус потребен за да се реализира желбата на мнозинството граѓани за членство во НАТО и во ЕУ.

– Мислам дека сите ќе се согласиме дека продолжената политичка криза создаде голем раздор и доведе до ситуација каде политичките поделби ги одредуваа односите помеѓу луѓето, а во некои случаи дури и повеќе од етничките, верските и економските разлики. Лидерите во Македонија треба да можат да работат заедно за да се справуваат со тешките прашања со кои земјата и граѓаните се соочуваат. Одлуката на Собранието да усвои Закон за амнестија е важна политичка одлука, усвоена низ еден транспарентен и демократски процес, што беше поддржан од големо мнозинство пратеници. На крај, мислам дека тој ќе се оценува според тоа дали успеал да изгради национален консензус потребен за да се реализира желбата на мнозинството граѓани за членство во НАТО и во ЕУ, процес што ќе го зајакне владеењето на правото во земјата, истакнува Бејли.

Тој притоа додава дека е важно, оние кои ги организираа нападите на 27 април, да бидат земени на одговорност за своите постапки, а за време на целиот овој процес, судството мора да остане независно од политички влијанија и слободно да решава за овие случаи врз основа на факти и закони.

Процесот на пристапување во НАТО, вели Бејли, е веќе во тек. Претставници на НАТО и на Владата на Македонија ги подготвија протоколите за пристапување и штом Договорот од Преспа биде целосно имплементиран, тие ќе бидат финализирани, а продолжувањето на реформите ќе биде дел од тие протоколи.Тука, потсетува, влегуваат напорите за зајакнување на судската независност, одговорност на функционери за корупција и злоупотреба на овластувања, како и реформа во разузнавачкиот сектор. Штом сите 29 сојузници го ратификуваат Протоколот за пристапување, Македонија ќе стане 30-та членка на НАТО, нагласува амбасадорот Бејли.

актуелно Договор македонија нато бејли преспа САД
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ

октомври 29, 2026

СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”

октомври 29, 2026

ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан

октомври 29, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.