Американскиот договор за прекин на огнот со Иран го стави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во една од најтешките политички ситуации во неговата кариера.
Според анализата на Би-Би-Си, договорот ги разнишал трите клучни столба врз кои со години го градел својот политички имиџ – влијанието во Вашингтон, цврстиот став кон Иран и репутацијата на лидер кој гарантира безбедност за Израел.
Дополнителен удар претставуваше јавната критика од американскиот претседател Доналд Трамп, кој го обвини Нетанјаху за лоша проценка по нападот врз Бејрут.
Израелскиот премиер сега се соочува со сериозна дилема: дали да влезе во директен судир со најважниот сојузник или да прифати компромиси што дел од израелската јавност ги доживува како отстапување од националните интереси.
Во пресрет на изборите во Израел, Нетанјаху е под притисок и од опозицијата и од сопствените коалициски партнери, особено по барањето примирјето да ги опфати и операциите против Хезболах во Либан.
Иако тој уверува дека нема да дозволи Иран да дојде до нуклеарно оружје и дека Израел ќе ја задржи својата оперативна слобода, критичарите оценуваат дека неговата безбедносна стратегија го довела Израел во стратешки ќор-сокак.
Наместо ветеното преобликување на Блискиот Исток, Нетанјаху денес се соочува со прашања за ефективноста на својата политика и со предизвик да го зачува политичкиот опстанок во услови на нарушени односи со Вашингтон.







