Сите држави што ги ратификувале статутите на Меѓународниот кривичен суд (МКС) се должни да ги спроведуваат неговите одлуки, порача високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел во врска со повикот на обвинителот на МКС да издаде налог за апсење на лидерите на Израел и Хамас.
„Мандатот на МКС, како независна меѓународна институција, е да ги процесуира најтешките злосторства според меѓународното право“,напиша Борел на социјалната мрежа Икс.
МКС вчера побара да се издаде налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант за „поттикнување истребување, предизвикување глад како метод на војна, вклучително и задржување на хуманитарна помош и намерно таргетирање цивили во конфликт“.
Се бараат и налози за апсење на водачите на Хамас – Јахја Синвар, Мохамед Деиф и Исмаил Ханије за истребување, убиство, земање заложници, силување и сексуални напади.







