Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » БОСАНЦИ, СРБИ, МАКЕДОНЦИ, НЕПАЛЦИ… : Во Хрватска има повеќе од 108.000 странски работници
Анализи

БОСАНЦИ, СРБИ, МАКЕДОНЦИ, НЕПАЛЦИ… : Во Хрватска има повеќе од 108.000 странски работници

август 10, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

За само еден месец, во јули оваа година, во Хрватска биле одобрени 16.517 работни дозволи за странски работници, покажуваат податоците на хрватското Министерство за внатрешни работи, според кои од почетокот на годината до 31 јули се издадени вкупно 108.116 дозволи за престој и работа за државјани на трети земји.

Министерството на својата веб-страница наведува дека од вкупниот број издадени дозволи за престој и работа, 69.809 се издадени за нови вработувања, 21.722 се за продолжување, а 16.585 се за сезонски работници.

Така, дозвола за работа во Хрватска на крајот на минатиот месец имале речиси ист број странци колку што, според пописот на населението од 2021 година, Риека имала население.

Бидејќи бројот на жителите на Риека во меѓувреме продолжи да паѓа, веројатно е дека во Хрватска, само Загреб и Сплит моментално имаат повеќе жители отколку што државата има издадено дозволи за странски работници, во што не се вклучени државјаните на членките на Европската унија, и на Исланд, Швајцарија, Норвешка и Велика Британија. Такви во Хрватска има околу осум илјади.

Најмногу странски работници дозволи добиле за работа во градежништвото, дури 39.146, што значи дека на оваа гранка отпаѓаат 36 отсто од работните дозволи.

Уште 37.022 работни дозволи издадени се во туризмот и угостителството. На градежништвото и туризмот отпаѓаат 70 отсто од издадените дозволи за странски работници.

Далеку зад тие две гранки кои „голтаат“ најмногу странски работници е индустријата, бидејќи работодавачите во таа дејност добиле 13.260 работни дозволи.

Според податоците на Хрватскиот завод за пензиско осигурување, во јули во градежната индустрија имало 135.478 осигуреници, па ако сите странски работници кои добиле дозволи навистина биле вработени во таа дејност, тоа значи дека 29 отсто од осигурениците во градежништвото се странци.

Нешто помал делот во угостителството и туризмот, затоа што бројот на издадени дозволи за оваа дејност достигнува 27 отсто од осигурениците во дејноста сместување и подготовка и послужување храна.

Веќе неколку години е јасно дека градежништвото и туризмот, чии удели во БДП се зголемуваат, не можат да организираат работење без странци, а како што одминува времето нивната улога станува сè подоминантна.

Хрватска, исто така, станува зависна од странски работници од Азија.

Втора година по ред, трети по бројност странски работници во Хрватска се Непалците, веднаш после работниците кои доаѓаат од Босна и Херцеговина и Србија.

На крајот на јули, работни дозволи во Хрватска имале 13.325 Непалци, што значи дека за еден месец бројот на работни дозволи за работниците од Непал се зголемил за 1.800.

Има 8.242 работници од Индија, 6.036 од Филипините и 4.628 од Бангладеш.

Од почетокот на годинава до крајот на јули се издадени 32.231 работна дозвола за работниците од тие четири азиски земји, што е околу 30 отсто од сите работни дозволи за странци во Хрватска.

Сепак, и понатаму најголемиот дел од странските работници доаѓаат од земјите создадени со распадот на поранешна Југославија.

Така, вкупниот број на работни дозволи издадени за државјани на Босна и Херцеговина, Србија, Македонија и Косово изнесува 59.454, или 55 отсто од сите издадени дозволи.

Но, факт е дека структурата на странските работници се менува и дека уделот на оние кои доаѓаат од соседните земји се намалува, додека уделот на работниците од азиските земји се зголемува.

Бидејќи странските работници во последните децении најмногу доаѓаа од соседните земји, најмногу од Босна и Херцеговина, Хрватска немаше голема потреба да ја осмисли нивната интеграција, бидејќи таа се случуваше без посебни мерки.

Но, со оглед на бројот на работници од Азија, чија бројка за седум месеци од од оваа година е трипати поголема од бројот на жителите на Опатија или на Цриквеница, државата, според синдикалните организации, не би смеела да стои со скрстени раце и да гледа како во „трите Опатии“ се одвива паралелен живот со минимален контакт со остатокот од Хрватска, посебно што бројот на тие работници само ќе се зголемува.

актуелно градежништво Загреб работници Риека странци туризам хрватска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.