Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики
  • На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените
  • Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон
  • Трамп нема да присуствува на планираните предизборни митинзи за викендот во Ајова и Канзас, го искара новинарот кога го прашаа за неговото здравје
  • Неколку земји од ЕУ ќе ослободат 43 милиони барели нафта од своите резерви во наредните месеци
  • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
  • СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
  • ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Бундестагот на 26 септември ќе даде зелено светло за преговори, на седницата ќе биде и Османи
Политика

Бундестагот на 26 септември ќе даде зелено светло за преговори, на седницата ќе биде и Османи

септември 19, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Германскиот Бундестаг ќе даде зелено светло за отпочнување на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ, а на седницата која ќе се одржи на 26 септември кога на дневен ред ќе се најде точката за нашата апликација, лично ќе присуствува вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи каде домаќин ќе му
биде претседателот на Бундестагот, Волфганг Шојбле.

Османи ова го најави во изјавата за медиумите по средбата со германскиот државен министер за Европа и претставник на СР Германија во ЕУ, Михаел Рот.

„Од Рот добив уверување дека тие како Влада ќе застанат цврсто во барањето од Бундерстагот да даде зелено светло за Северна Македонија, кој на оваа тема ќе расправа за една недела. Сметам дека се движиме во вистинска насока, поддршката од Германија ни е апсолутно клучна, и очекувам дека сите овие напори ќе резултираат со одлука во октомври за старт на преговорите. Потврдата од германскиот Бундестаг ќе претставува зелено светло и за министерот Рот и воопшто за Владата на Германија и канцеларката Меркел, на претстојните состаноци во октомври на Европскиот совет да ја потврдат одлуката за старт на преговорите“, изјави Османи за медиумите.

Османи во рамки на посетата на Берлин реферираше и за последните актуелности во земјава, нагласувајќи дека Владата е истрајна и посветена во отстранувањето на сите формални и неформални забелешки кои можат да претставуваат предизвик за одлуката во октомври.

„Остваривме напредок во сите посочени области од страна на Европскиот Совет, и во континуитет остваруваме солиден „трек-рекорд“, успешна имплементација на донесените реформи“, истакна Османи.

Од Берлин, Османи патува за Варшава, каде што ќе има средба со државниот секретар за европски прашања при Министерството за надворешни работи на Полска, Конрад Шимански, а ќе разговара и со шефот на полската дипломатија Јацек Чапутович.

Посетите на Берлин и Варшава се дел од европската турнеја на вицепремиерот Османи низ европските метрополи, а во пресрет на октомвриските состаноци на Советот на ЕУ.

актуелно Бундестагот Османи седница
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.