Најдобриот голман на светот Џанлуиџи Буфон, помалку на шега, изјави дека му е мака од панските фудбалери затоа што во последните три натпревари против нив доживеа три порази и прими 10 голови.
„Неможам повеќе, стално исти фаци, Иско, Пике, Рамос….и секогаш мораш да им честиташ на крајот“, изјави Буфон, кој прими четири гола во финалето на Лигата на шампиони против Реал на крајот на минатата сезона, а по три против Шпанија и Барселона во последните две недели.
На натпреварот против Каталонците пред два дена првиот пат го совлада Меси, и тоа од петтиот обид.
„Не зависи тоа од мене, чудно е дека не погоди во претходните четири, знаеме колку голем играч е“, порача Буфон.









