Вакцината на „Модерна“ најверојатно ќе може да пружи заштита до две години, рече денеска Стефан Бансел, извршен директор на таа фармацевтска куќа од Кембриџ, во американската држава Масачусетс.
Американската компанија, која направи вакцина за само неколку недели, вчера доби дозвола за користење во Европската унија од европското регулаторно тело, јави Ројтерс.
Земајќи во обзир дека за правење на вакцина обично треба неколку години, должината на заштитата од Ковид 19 предизвикува бројни прашања кај научниците.
„Кошмарното сценарио кое се провлекуваше по медиумите гласеше дека вакцината ќе трае само еден месец или два. Мислам дека тоа сега не се доведува во прашање. Опаѓањето на антителата оди многу бавно после земањето на вакцината. Уверени сме дека заштитата ќе трае барем две години“, рече Бансел.
Бансел потенцираше дека неговата компанија ќе докаже дека вакцината ќе биде подеднакво ефикасна и против јужноафричкиот и англискиот вид, со што се служува и група независни научници.







