Некогашниот фудбалер на Арсенал и Манчестер јунајтед, Робин Ван Перси, се врати во Феенорд, во клубот во кој ја почна професионалната кариера, пренесуваат британските медиуми.
Овој 34-годишен напаѓач во Феенорд доаѓа како слободен играч откако неодамна го напушти турскиот прволигаш Фенербахче.
Ван Перси во 2001 година дебитираше за Феенорд и во следните четири години за тој клуб одигра 78 натпревари и постигна 22 гола. Кариерата потоа ја продолжи во Арсенал каде што на 278 натпревари постигна 132 гола, а во 2012 премина во Манчестер јунајтед.
Тој е најдобар стрелец на репрезентацијата на Холандија со 50 голови, а за неа играше 102 пати.
Феенорд чиј тренер е неговиот некогашен соиграч од репрезентацијата Џовани ван Бронкхорст, е петти во холандскиот шампионат со 14 бодови заостанување зад лидерот ПСВ Ајндховен.







