Врнежите од дожд во последните 24 часа ги зголемија нивото на сите водотеци во Македонија, а особено на реките во западниот дел на земјата.
Според податоците на управата за хидрометеоролошки работи најголеми промени на водостојот има на реките Радика кај Бошков мост, Сатеска кај Ботун и на Вардар кај Јегуновце, а продолжувањето на врнежите може да доведе до излевање на Радика, Црн Дрим, Сатеска и Вардар.
Се очекува да продолжи зголемувањето на нивото на сите водотеци со оглед на најавите од синоптичарите дека врнежите ќе продолжат, а ќе бидат најобилни во југозападните и источните делови на земјава каде се очекуваат над 60 литри на метар квадратен.







