Фудбалскиот клуб Вардар денес доби уште едно засилување во своите редови. Српскиот интернационалец Вања Марковиќ потпиша договор на две години со „црвено-црните“. Марковиќ доаѓа од полскиот тим Корона Киелце, и го засилува средниот ред на македонскиот шампион.
„Уште пред да дојдам знаев дека Вардар е голем клуб и дека последните пет години, четири пати ја освои шампионската титула. Тимот редовно во квалификациите за Лигата на шампионите, и за мене ова беше понуда која не се одбива. Клубот има голема историја, и можам да кажам дека на Балканот е еден од најголемите клубови“, изјави Марковиќ за клупскиот сајт на Вардар.
Тој очекува успех и добри во Лигата на Европа, а во шампионатот одбрана на шапмионската титула.
„Пласманот во групите од Лигата на Европа е голем успех за клубот и за самата држава, но верувам дека и таму Вардар ќе се претстави во добро светло. Со победите над Фенербахче видовме дека ништо не е невозможно. Ја следев екипата на тие два натпреавари и видов дека Вардар е одлична екипа која има одлични играчи во своите редови. Тактички беше перфектно што значи дека и шефот на стручниот штаб, Јаневски имал голем придонес, и мене ми е драго што ќе соработувам со него и овие играчи. Сега имам три недели да се подготвам за првиот натпревар, јас се надевам дека брзо ќе се вклопам во новата средина и на секој тренинг и на секој меч ќе давам се од себе да ја оправдам довербата, и дека тимот ќе бележи само успеси“, вели Марковиќ.








