Градоначалникот Петре Шилегов, министерот за здравство, Венко Филипче и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска денеска во ЈЗУ „Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство – Скопје“ го посетија првото бебе кое се роди во Новата 2019 година.
Првороденото бебе во Скопје во 2019 година е машко и се роди рано утрово, една минута по полноќ во Универзитетската Клиника за Гинекологија и Акушерство – Скопје. Машкото бебе е тешко 3,920 килограми, а долго 52 сантиметри.
Мајката на бебето е Александра Ангеловска од Хиподром, која е родена 1993 година и ова и е прво дете.
Градоначалникот Шилегов на мајката и семејството им честита за првото дете, посакувајќи му добро здравје и многу среќа. Тој на семејството подари штедна книшка со 20.000 денари и други пригодни подароци.

Шилегов ја искористи приликата да ја честита Новата 2019 година на граѓаните и им пожели добро здравје, среќа и успеси.







