Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ветувања и очекувања за деполитизирана администрација со помалку хартија
Политика

Ветувања и очекувања за деполитизирана администрација со помалку хартија

јануари 1, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со модернизација на системот за управување со документи, најголем дел од администрацијата ќе треба да заборави на употреба на хартијата.

Пет илјади административни службеници во најмалку 20 институции од почетокот на годинава, според најавите, треба да работат на единствен систем за електронско управување со документи.

Министерството за информатичко општество и администрација најави
целосна модернизација на системот за електронско управување со
документи, како дел од активностите за професионализација на јавната
администрација.

„Со ова решение, институциите ќе може да добиваат електронски или
хартиени документи, а преку овој систем во електронска форма ќе бидат доставени до надлежниот службеник. Размената на документите меѓу институциите ќе биде електронска и во реално време преку електронскиот систем, кој ќе овозможи безбедно чување и достава на документите.  Можноста од фалсификати и злоупотреба на документи е елиминирана. Секој документ, кој е креиран и проследен преку овој систем, ќе може да се валидира без разлика дали е во електронска или хартиена форма“, ветува МИОА.

Според најавите, годинава треба да се обезбедат услови за висока достапност за приклучување кон Централниот регистар на граѓани на
институции и компании, кои имаат овластувања да вршат јавни услуги.

Централниот регистар е основа и за Националниот портал за е-услуги и
воведувањето систем за електронска идентификација ЕиД, што беше пуштен минатиот месец.

Преку порталот, која било институција, без разлика дали е од централната власт или локалната самоуправа, може да им дава електронски услуги на граѓаните.

Моментно се нудат 127 услуги преку тој портал.

Електронски може да се добијат потврди од Министерството за труд и социјална политика, да се објават неважечки документи од „Службен весник“, да се издаваат потврди и М1, М2-образец од Агенцијата за вработување, да се земе, односно да се извади М4- образецот од ПИОМ, да се проверат лични податоци од Централниот регистар на население добиени од вкрстување на податоците од Управата за водење на матичните книги, Министерството за внатрешни работи и Централниот регистар.

Во Каталогот на услуги што беше изработен од МИОА од 1.300 услуги веќе се детално опишани 700.

Се планира заокружување на сите 1.300, а од процесот ќе изостанат само тие за кои природата на постапката на документите не дозволува тоа да се прави електронски.

Најавено е и приклучување во програмата ИСА 2 на ЕУ со која се поддржува развојот на дигитални решенија за јавната администрација, бизнисот и граѓаните во Европа, со што се овозможува поголема добивка од интероперабилни прекугранични и меѓусекторски јавни услуги.

Годината што измина во јавниот сектор помина и во знакот на подготовка на законски решенија и анализи за подобра функционалност на институциите, како и за ветувањата за намалување на партизацијата.

Хоризонталната функционална анализа што се подготвува треба да го оптимизира бројот на институции, оние кои се вишок да се укинат, тие кои се преклопуваат со надлежностите да се спојат, повеќе помали да се спојат и ако треба некоја нова да се формира.

Прв чекор за ветената деполитизација на администрацијата и поконкурентен избор се предвидените промени во изборот на државните секретари и директори со Предлог-законот за висока раководна служба.

Со него треба да се професионализира изборот на високи раководни позиции, односно директори и секретари, во 130 институции.

Предизвик и натаму останува иницијативата на МИОА за префрлање на вработени од јавен во приватен сектор.

администрација актуелно ветувања очекувања хартија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.