– Дефанзивецот на Тотенхем, Ерик Даер, влета на трибините за да се пресмета со навивач, откако неговиот тим испадна од Норвич по изведување на пенали во осминафиналето на ФА Купот. 26-годишниот репрезнтативец на Англија е снимен како ги надминува бариерите, а потоа се движи низ фановите во потрага по одредена личност, но до поголем инцидент не дошло, бидејќи бил запрен од стјуардите.
Причината за гневот на Дајер е тоа што навивачот го навредил него и неговиот помал брат.







