Хотелот со пет ѕвезди „Баија“ во Марбеља, Шпанија, во пресрет на новогодишните и божиќните празници, го украси своето лоби со елка од скоро 14 милиони евра.
Вредноста на, можеби, најскапата елка оваа година, е во украсите кои содржат дијамантски прав, 24-каратно злато, како и јајца од ноеви и емуа.
Има и доста необични слатки како додатоци… Посебно направени 3Дпечатени чоколадни пауни.
Елката е дело на дизајнерката Деби Вингам, позната по нејзините оригинални потфати. Таа претходно направи и чевли со потпетици коишто чинеа 14 милиони евра, како и свадбена торта од 70 милиони евра.
Оваа елка, што е нејзин засега последен потфат, исто така, вреди околу 14 милиони евра, соопшти управата на хотелот.
https://twitter.com/RT_com/status/1205849925252087809?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1205849925252087809&ref_url=https%3A%2F%2Fmia.mk%2Felka-od-14-milioni-evra-video%2F
ИЗВОР: МИА







