„Викиликс“ објави повеќе од 8.000 строго доверливи документи на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), кои покажуваат дека Агенцијата создала и спроведувала хакерска програма низ светот.
Документите, за кои „Викиликс“ истакнува во соопштението дека претставуваат „најголемо откритие досега“, меѓу другото покажуваат дека ЦИА злоупотребувала голем број производи на големите светски компании.
Станува збор за андроид-телефоните на „Гугл“ за ајфонот на „Епл“, како и оперативниот систем „Виндоус“ на компанијата „Мајкрософт“ и телевизорите од брендот „Самсунг“ кои ЦИА ги претворала, како што се вели, во свое оружје и скриени уреди за прислушување.
„Викиликс“ дојде до овие сознанија врз основа на мрежата во рамките на Центарот за сајбер-разузнавачката служба на ЦИА во Ленгли, Вирџинија.
Траншата на објавени документи има назив „Ваулт 7“, а биле создадени во периодот од 2013 до 2016 година.
Документите беа ставени на располагање од страна на извор кој имаше намера тие да го постават прашањето дали ЦИА добила премногу моќ.
„Во соопштението на ’Викиликс’ изворот детално ги изложува политичките прашања за кои треба итно да се дискутира во јавноста, вклучувајќи дали способностите за хакирање на ЦИА ги надминуваат овластувањата и проблемот со јавниот надзор на Агенцијата“, се вели во соопштението. „Изворот сака да иницира јавна дебата во врска со безбедноста, создавањето, употребата, ширењето и демократска контрола на сајбер-оружјето“.
Исто така, се редактираат детали од некои имиња, локации и цели кои се идентификувани во документите.
Организацијата го предизвика објавувањето однапред со чудни пораки дека објавувањето е „нулта година“, и референци за „Ваулт 7“. Беше планирано документите да бидат објавени подоцна, но тој план беше отфрлен кога се случи сајбер-напад на конференција за печатот, тврди Асанж.







