Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Владата најави продолжување на политиката на немешање во работата на медиумите
Македонија

Владата најави продолжување на политиката на немешање во работата на медиумите

мај 3, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Владата ќе ја продолжи политиката на немешање во работата на медиумите.

Овој ден го одбележуваме во атмосфера на медиумско ослободување од какви било влијанија, порачаа владини претставници на заедничка прес-конференција по повод Светскиот ден на слободата на медиумите.

Премиерот Зоран Заев, честитајќи го Денот на слободата на медиумите, рече дека во последните две години е постигнат голем напредок во таа област, но се уште претстои многу работа.

„Ја поздравувам гласноста на медиумите, критичкиот осврт на медиумите. Покажавме дека знаеме не само да слушаме, туку и да се коригираме, и верувам дека само така сите им служиме на граѓаните. Не случајно се вели дека медиумската фела е четвртата власт, и ако работиме на тој план, многу нешта можеме да постигнеме“, рече Заев.

Според него, медиумите би биле погласни доколку би биле и финансиски независни, и би биле поодважни доколку би биле мотивирани преку независни извори на финансирање.

Истакна дека истражувачкото новинарство се повеќе се развива и дека критичкиот осврт на медиумите ќе биде на повисоко ниво.

„Сигурен сум дека сето тоа на крајот на денот колку и одредена критика да падне тешко на некој политичар, или општественик, тоа е здраво за нашето општество“, порача премиерот.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи посочи дека земјава постигна голем напредок во слободата на медиумите, и во делот на транспарентноста, и во делот на подобрување на условите за функционирање на медиумите и слободата на говорот, што според него, е аргумент повеќе што и користи на Владата пред Европската Унија.

„Овој ден денеска во Република Северна Македонија го одбележуваме во атмосфера на ослободени медиуми од какво било влијание…политичко, економско или какво било друго. Она што е клучно дека ние како претставници на Владата мораме и денеска ве уверуваме: оваа Влада никогаш нема да се меша во работата на медиумите“, истакна Роберт Поповски, министер за транспаретност, отчетност и комуникации.

Оваа Влада, според него, целосно ги презентира политиките пред јавноста и е максимално отворена.

„Го презема ризикот критиките да бидат упатени на наша адреса можеби повеќе од заслужено, но тоа мора така да биде бидејќи сите вие имате право да знаете како работи Владата, какви политики и политички одлуки носи, како ги менаџираат парите на граѓаните, а преку вас граѓаните мораат да имаат квалитетна информација за тоа како функционираат оние кои ги избрале“, рече Поповски.

Најави дека во следниот период Владата ќе работи на подобрување на условите и стандардите за работа на медиумите и медиумските работници, нагласувајќи ја потребата за јаки финански медиуми и внатрешна поставеност за да тие да можат да промовираат уште поквалитетно новинарство и истражувачко новинарство.

Следната фаза исто така ќе биде посветена на медиумската писменост на граѓаните и на подобрување на граѓаните на впечатокот за работата на Владата и на медиумите.

„Секогаш до крај ќе ги почитуваме саморегулаторните механизми и сите одлуки што ќе носи Владата ќе бидат резултат на широк консензус и на дебатирање заедно со медиумската заедница. Не сакаме во ниту еден момент некој да почуствува дека Владата се обидува да направи какви било интервенции или ограничувања во слободата или изразувањето во медиумите“, рече министерот Поповски.

Според министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски од 1 јуни 2017 година разрешени се сите напади врз новинарите, а во 2018 година нивниот број е намален три пати.

За случајот од пред две недели во Арачиново рече дека треба да се остави време за да може тој да биде расветлен.

Манчевски потсети дека и покрај долги разговори со опозицијата за Законот за аудио и аудивизуелни медиумски услуги, тој е донесен и дека претстојат реформи поврзани со Советот на АВМУ и националниот радиодифузер.

Овој Закон, според него, е основата за департизација и деполитизација на остатоците од политичкото влијание во медиумите.

„Следни на ред се Советот на АВМУ и Националниот радиодифузер. Очекувам дека кон средината на оваа година ќе имаме забележливи и видливи резултати таму. Ова е дел и од забелешките на Репортери без граници“, рече Манчевски додвајаќи дека веќе се отстранети двете забелешки за Законот за аудиовизуелни медиумски услуги и за тргање на следењето на работата на порталите за време на изборен процес од страна на ДИК.

Потсети дека во делот на отвореност Владата го востановила новиот портал за отворени податоци, преку кој може многу подетално и поналитички да се следи работата на Владата.

Повика новинарите да бараат нови информации преку него.

влада ден на слобода на медиумите работа на медиуми
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Кузеска: СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување

јуни 8, 2026

Петрушевски: ЈО да истражи дали Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари

јуни 8, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.