Владата до Законодавниот дом го испрати предлогот за разрешување на државниот обвинител Марко Зврлевски.
Предлогот е потпишан од генералниот секретар Драги Рашковски, откако на петтата седница Владата одлучи дека Зврлевски не може да си ја врши својата работа.
Советот на јавни обвинители минатата недела со осум од девет гласови го прифати владиниот предлог за разрешување на Зврлевски.
Против беше само претседателот на Советот, Петар Аневски според кој, Зврлевски е перфектен јавен обвинител.
Се очекува Собранието да закаже седница на која ќе се разгледува предлогот разрешување на државниот јавен обвинител.
Според Законот, Зврлевски има право да присуствува на седницата на која пратениците ќе расправаат за разрешувањето и да се произнесе по овој предлог.







