Владата на Република Македонија уште еднаш покажа и докажа дека решавањето на проблемите на граѓаните не се нејзин приоритет, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение за јавност.
Несериозно и неодговорно е Владата после повеќе од два месеци, откако секојдневно граѓаните на Струга се гушеа од запалената дива депонија, да донесе одлука за итно решвање на овој сериозен проблем.
Владата на Република Македонија дозволи два месеци дивата депонија во Струга да ги гуши стружани, да нанесе огромна штета врз здравјето на граѓаните, врз животната средина и да ја уништи туристичката сезона во овој регион, а сега после сите штети кои настанаа најавува итно решавање на проблемот.
Какво е ова итно решавање на вака сериозен проблем после два месеци.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ уште на 15.06.2017 поднесоа Информација за состојбата со дивата депонија во Струга и побараa итна седница на која требаше да се дискутура за овој акутен проблем и конечно да се реши.
Проблемот со дивата депонија во Струга е акутен проблем кој станува се посериозен и поголем и е потребно итно решавање на истиот.
Ја повикуваме Владата на Рпеублика Македонија наместо да се занимава со партиски вработувња, да се фокусира на решавање на проблемите на граѓаните.







