Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го обвини премиерот Зоран Заев дека ѝ приредува национална катастрофа на Република Македонија, а Договорот со Грција го менува името, институционалниот идентитет, културата, историјата и Уставот.
„Заев прифатил со капитулантскиот договор промена на Преамбулата на Уставот на Република Македонија, чл.3 и чл.49 од истиот. Заев бега од одговори и не кажува што ќе менува во Преамбулата. Заев бега од одговори и не кажува што ќе менува во чл.3 од Уставот, кој гласи: „Територијата на Република Македонија е неделива и неотуѓива. Постојната граница на Република Македонија е неповредлива.
„Границата на Република Македонија може да се менува само во согласност со Уставот, а врз принципот на доброволност и во согласност со општо прифатените меѓународни норми. Република Македонија нема територијални претензии кон соседните држави”.
Заев треба да одговори и што ќе менува во чл. 49, кој ја обврзува државата да се грижи за нашето малцинство во странство. И дали тоа не е откажување од Македонците надвор од Македонија”, велат од партијата на ВМРО-ДПМНЕ.







