Терминот за предвремени избори во октомври 2020 година што денеска на опозицијата ѝ го понуди премиерот Зоран Заев, за ВМРО-ДПМНЕ е разумна основа за разговори со власта на таа тема.
„Очигледно е дека под притисок на јавноста по многубројните скандали власта којашто е во паѓање го прифаќа предлогот на опозицијата за предвремени парламентарни избори. А, тоа што се однесува за понудениот термин за октомври в година, се чини како разумна основа за разговори со власта на таа тема“, изјави денеска портпатолот на ВМРОДПМНЕ, Наум Стоилковски, одговарајќи на новинарско прашање дали овој термин е прифатлив партијата и доколку нема договор за избори, дали ќе нема договор и за Законот за Јавното обвинителство.
Во врска со тоа дали договорот за избори е врзан со договор за Законот за Јавното обвинителство, дали се условени едното со другото, Стоилковски истакна дека тоа што се посочувало досега, а и сега, е дека лидерска средба е невозможна без темата предвремени парламентарни избори.
На прашањето дали партијата е во коалиција со БЕСА, бидејќи вчера во Собранието заедно обезбедиле мнозинство и се чини оти се иста линија со оглед на датумот за барањето за предвремени избори, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека не е тајна дека се во постојана комуникација со сите политички партии.







